Ќе речеш се смирил, созреал, направи богата кариера и сега ќе ужива во фудбалот, а тој ќе те демантира секое наредно коло. Минатиот викенд во меч од турската Суперлига во една контра за потенцијален гол, застана да се тепа поради груб фаул. Неговиот тим Адана Демирспор славеше 1:2 на гости кај Анталија а стрелец на првиот гол беше Балотели.