Меѓу кошаркарите во НБА е слична ситуација како со фудбалерите од европските лиги. Некои фудбалери и кошаркари се вакцинирани и со втора доза, а некои како прележани или од други причини одбиваат каква било вакцина против коронавирусот.
Најпогодени од одлуката на НБА се кошаркари кои играат во Њујорк и Сан Франциско. Во овие два града има стриктни мерки кои не дозволуваат влез во затворен простор на јавен настап без доказ за вакцинација.
Тоа требаше да биде голем проблем за Ендрју Вигинс, еден од носителите на играта на Голден Стејт Вориорс кои од пред извесно време се преселија во целост во Сан Франциско. Вигинс објави дека од религиозни причини нема да се вакцинира, но во понеделникот беше објавено дека крилниот кошаркар ја примил првата доза вакцина против вирусот и дека ќе биде во составот.
Од друга страна, Кајри Ирвинг и како една од најголемите ѕвезди во НБА и како еден од најконтроверзните играчи кој е склон да споделува теории на заговор и поддржува чудни ставови, потврди дека нема намера да прима вакцина.
ЕСПН пишува дека Кајри Ирвинг за секој пропуштен меч на домашен терен за Бруклин, би можел да губи по 380.000 долари што на крајот од сезоната доколку ги пропушти сите домашни дуели би можело да достигне страшна сума од 15 милиони долари!
Од Бруклин Нетс и натаму одбиваат да го коментираат ставот на 29-годишниот Кајри Ирвинг кој има дури 7 настапи на Ол-Стр.
Reporting with @BobbyMarks42: The NBA and the NBPA have agreed to a reduction in pay of 1/91.6th of a player's salary for each game an unvaccinated player misses in their home market because of local laws. For example, Kyrie Irving would lose roughly $381,000 per game.
— Tim Bontemps (@TimBontemps) October 4, 2021