Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Ново глупирање на голманот на Аргентина

Јунакот на Аргентина кој заслужено беше прогласен за голман на Мундијалот е истовремено и недозраен лик кој во компилацијата на глупости додаде нова. За време на шампионската парада на Аргентина, на отворениот автобус се појави со бебешка кукла со ликот на Мбапе.

Поклонот за Лео од толпата што ги изнасмеа сите

Килијан Мбапе, човекот кој со блескава партија само ја разубави бајката Меси, има прекар нинџа-желка, прекар поради кој често добива на подарок и таква маска нинџа-желка со ликот Донатело. Овојпат додека Меси и компањеросите во отворен автобус пловат по Буенос Аирес, некој од толпата му фрли на Лео подарок како алузија на другар му од ПСЖ.

Остварениот детски сон на Михајловиќ и грешката на Црвена Ѕвезда тешка 1,2 милиони марки

На 10 декември 1990 година, Синиша Михајловиќ и официјално станал дел од црвено белиот тим. Патот воопшто не му бил лесен, а можеле да го упростат да се случи и порано и без пари.

Камерата која го следеше Скалони за време на решавачкиот пенал

Што солзи се изналеаа за Аргентина, од играчи, навивачи, па сè до легенди како Габриел Батистута. Лионел Скалони како да држеше сè во себе, па дури и кога Гонзало Монтиел го изведе пеналот вреден светска титула, остана смирен и како да не можеше да го прцесуира моментот дека е готово. После неколку секунди сфати што успеа да направи со своите јунаци за Аргентина и експлодираше од емоции.

Најслаткиот сон на Лео Меси

Кликнавме неколку пати Ф5 и забележавме дека на секој клик или секоја секунда, има по околу 5.000 нови лајкови на најновиот пост на Меси на Инстаграм. Легна да одмори пред големото славје пред претседателската палата „Каса Розада“ во Буенос Аирес, а друштво му прави „Божицата“. Само во првиот час има 18 милиони лајкови.

Дедото кој ја гледаше Аргентина на излог од продавница

Фудбалската страст во Јужна Америка се смета за посебна и неспоредлива со Европа и другите континенти. Вакви примери само кај нив може да се видат.

Две девојки кои се разголеле за финалето, избегнале казна во Катар

Хрватицата која беше главна атракција меѓу навивачите на Светското првенство во Катар, на крајот доби силна конкуренција во две девојки од Аргентина, кои за среќа куртулиле од апс.

Неприметниот јунак кој почна како привремено решение и ја одведе Аргентина до светска титула

Нема ништо попостојано од времето. Така може да се дефинира селекторската работа на Лионел Скалони, човек кој само барал време. И го доби.

Агуеро чукаше на тапан од култен аргентински навивач кој ги гледал сите Светски од 1974-та

Во најубавите моменти во историјата на аргентинската фудбалска репрезентација, додека се славеше третата светска титула долу на теренот со играчите беше и Кун Агуеро, довчерашен репрезентативец кој удираше на тапан од еден култен стар аргентински навивач.

Аргентина не спие, шампионите слетаа во 3 по полноќ

Светскиот првак се врати дома. И покрај тоа што пристигна во ниедно време, Аргентинците не спијат и со душа ги чекаат. Денешниот ден го прогласија за национален празник.

Да издвоиме двајца Аргентинци од прославата

Едниот преживеа, другиот веројатно. На едниот му фали поголем дрес или помала килажа, а на другиот памет.

Утеха на Меси за својот клупски другар

На цела таа еуфорија обоена со солзи од радост кај едните и тага кај другите, не видовме спортски поздрав од двајцата најдобри на првенството кои наскоро ќе продолжат со своите обврски во ПСЖ. Се гушнале за време на церемонијата. Најпрвин Меси го теши Мбапе, а потоа и Скалони. Така треба, а не ко недокваканион голман.

Монструозен трипл дабл на Јокиќ, невиден 54 години во НБА

Додека Аргентина и Франција играа чудесно финале во Доха, српскиот кошаркарски ас направи нова чудесија во НБА која ќе остане запишана во историјата.

Махериште на колото кој верувал во Аргентина од почеток

Светското почна на 20 ноември, а тој го уплатил тикетот три дена пред стартот. Вториот махер кој ни прати тикет вели вака: Ситно ама динамитно.

Ѓоковиќ ја дигна крагњата во Катар во чест на Михајловиќ

Новак Ѓоковиќ синоќа беше на стадионот Лусаил за да го гледа во живо финалето на СП меѓу Аргентина и Франција. На својот сонадорник му оддаде почит на мангупски начин. На сите фотографии се појави со дигната крања, нешто што му беше заштитен знак на Синиша Михајловиќ.

Заедништвото на Аргентина преку една канта

Добриот тимски дух секогаш е клучен за успех. Тоа го покажаа Аргентинците кои сплотени заеднички се бореа и заслужено стигнаа до титулата. Доказ за нивната слога е и една епизода од прослава на победа во соблекувална. Главен јунак: стрелецот на решавачкиот пенал во финалето Монтиел.

Кога продолжуваат натпреварите во најдобрите лиги?

Светското првенство заврши спектакуларно. Сега фудбалската јавност ќе се врати кон европските првенства иако ретко кој размислуваше периодов за нив.

Плејада великани на погребот на Синиша Михајловиќ

Легендарниот фудбалер и тренер го напушти светот во 54. година од животот. Во текот на кариерата настапуваше за Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, а од клупа предводеше неколку големи клубови. Семејството одлучило тој да биде погребен во Рим каде живееше фамилијата на Михајловиќ.

Најголемите со најголемите трофеи

Споредбата со Диего, речиси цел живот го следи Лео Меси. Направи чудесна кариера, а имаше такви кои му го намалуваа успехот со некаква глупа паралела - уште нема освоено Светско.

Ангелот кој со години му чува грб на Меси

Во дури 5 големи финалиња во кариерата, Анхел Ди Марија постигна 3 погодоци и е најзаслужен за многу вредни трофеи на својата репрезентација.

Камерата која на решавачкиот пенал го следела само Лионел

Се носеше со огромен притисок не само од аргентинската нација, туку и од цел свет. Сите очекуваа кралот со златна круна да биде крунисан на Светско првенство. Направи сè што можеше, ривалот се враќаше, па стигнаа до драмата пенали. Што сè му се вртело низ глава во овие моменти?

Што беше црната наметка што му ја ставија на Меси?

Лионел Меси го крена највредниот пехар во својата раскошна кариера во необична наметка на себе.