Каков луд финиш имал мечот меѓу лидерот во данското првенство Нордсјеланд и трофејниот Брондби. Гостите први повеле 0-1, а домаќините израмниле во 52’ минута. Во 88-ма Нордсјеланд добива пенал а гостинскиот голман Мадс Хермансен прави невидена серија од три одбрани по ред за тотално лудило меѓу нивните навивачи позади голот. За негова жал, одбраната попушти само една минута подоцна кога Нуамах со својот втор гол му донесе победа од 2-1 на домаќинот.