Излегол Меси со фамилија да вечера во Буенос Аирес

Светскиот шампион Аргентина се собра за првпат по историската титула на Мундијалот во Катар 2022. Гаучосите ги чекаат пријателски средби со Панама и Курасао, а на првиот тренинг излегле во маици и дресови со три ѕвездички кои значат три титули. Меси од Париз дошол и излегол во Буенос Аирес во еден познат ресторан ама кога дознал народ дека тука е нивниот идол, морала полиција да реагира за да растера гужва.

Лео се враќа во репрезентацијата по непријатностите во ПСЖ каде после последниот пораз дома од Рен (0-2), некои навивачи го исвиркувале. Тоа го искористи бекот на Барселона кој даде гол на Ел класико со Реал, Серџи Роберто да му порача на Меси дека го чекаат да се врати. 

21 март 2023 - 10:17