
Тиаго Алмада е роден во 2001-ва во аргентинскиот град Сиудадела и тоа во најопасниот кварт во земјата, Фуерте Апаче, познат по сериозен криминал и дилери на дрога.
Тиаго Алмада сфатил, како и многу млади луѓе од ова место дека фудбалот му е единствен излез од канџите на криминалот.
Почнал да тренира во локалниот клуб Санта Клара, а неговиот талент прв го забележал големиот Велез Сарсфилд кој го викнал во својата академија на рани години.
Во овој клуб каде многу големи играчи ја почнале својата кариера (Карлос Тевез еден од нив), Тиаго Алмада почнал од најрана возраст, за да во август 2018-та само четири месеци откако наполнил 17 години, да го има професионалното деби за Велез Сарсфилд.
Шанса му дал тогашниот тренер на екипата, легендарниот Габриел Хајнце. Играл за Велез од 2018 до 2022 и на 79 меча дал 17 гола.
На 4 декември 2021-ва Тиаго Алмеида направил богат трансфер во американскиот клуб Атланта Јунајед за 15 милиони долари.
Интересно, на 23 септември лани Тиаго Алмада дебитираше и за сениорската репрезентација на Аргентина а во ноември дозна дека е викнат на списокот патници за Светско првенство наместо повредениот центарфор Жоакин Кореа, на само пет дена пред првиот меч на „гаучосите“.
Алмада стана дел од златната шампионска репрезентација на Аргентина и може да каже дека го остварил животниот сон. Тој е воедно и прв активен играч од МЛС лига кој освоил Светско првенство.
Сега блеска на отворањето на новата сезона во САД со 4 гола после само 4 кола. Игра како полушпиц или крилен напаѓач и редовно им дели асистенции на колегите.
На мечот кој неговата Атланта Јунајтед го добила со 5-1 против Портланд синоќа, Алмеида имал 2 гола и 2 асистенции од кои и еврогол од слободен удар: