Што се случи на Манчестер - Фулам за толкава врева да се крене

Во четвртфиналето на англискиот Куп на „Олд Трафорд“ Фулам во 50-та минута поведе преку Александар Митровиќ, но после дваесет минути на теренот се случи права драма во која гостите добија дури три црвени картони па Јунајтед направи пресврт во само две минути.

Од вечер од соништата до кошмар имаше Фулам на „Олд Трафорд“. Александар Митровиќ со убав гол ги доведе гостите од Лондон во водство а потоа со тренерот на Фулам Марко Силва направија беља и изгубија контрола.

Голот на Митровиќ за водство:

Интересно, во 65-та минута Митровиќ имаше 100% шанса за 0-2 со глава, но Давид Де Хеа со пантерска парада му го одбрани шутот.

И после следеше драма.

Во 70’ минута судијата после прегледување ВАР досуди пенал за Јунајтед и му додели црвен картон на Бразилецот Вилијан. Но додека прегледуваше ВАР, му пријде тренерот на Фулам Марко Силва и нешто му дофрли за што доби директен црвен картон:

Веднаш во продолжение на тоа и Митровиќ му дофрли нешто и го оттурна судијата па и самиот тој доби црвен картон.

„Имаше помрачување. Но тоа не е изговор. Не можете да кренете рака на официјално лице на мечот. Имаше деца кои го гледаа мечот. Ако не биде остро казнет, ќе помислат штом може Митровиќ, можам и јас“, рекол Крис Сатон некогашниот центарфор на Селтик и Челси.

Но тренерот на Фулам мисли поинаку:

„Митровиќ мора да ги контролира емоциите, но не заслужува долга казна. Ако ме прашате мене дали моето беше за црвен тоа... сомневам дека беше. Баш би сакал да знам што ќе напише судијата дека му реков. Тоа не беше нешто за што би требало да ми даде црвен картон“, рекол португалскиот стратег Силва.

Јунајтед израмни од пенал преку Бруно Фернандеш во 75’ минута. Само една минута подоцна Марсел Забицер даде интересен гол за 2-1, а Бруно ги постави конечните 3-1 во 90+6’ минута:

20 март 2023 - 10:00