Ибрахимовиќ има неколку впечатливи тетоважи на телото, а највпечатлива му е онаа со лавот на грбот. Од неговата 24 годишна сениорска кариера која му почна во 1999-та во Малме има мастрав за книги и филмови.
Има една случка од 2015-та додека беше дел од францускиот шампионат каде за четири години со ПСЖ освои 12 трофеи.
Се работи за мечот против Каен, кога при прослава на гол го соблече дресот, ги крена рацете во воздух за да може неговото тело, полно со тетоважи да се види од сите агли.
Зад овој гест не се крие чалам, туку добро дело кое многумина можеби не го очекувале од него. Неколку недели подоцна сите беа изненадени кога видоа дека тетоважите му ги нема.
„Кога го соблеков дресот против Каен, сите се прашуваа какви се тие тетоважи. На моето тело имав 50 тетоважи кои може да се отстранат, тоа се имиња на вистински луѓе кои страдаат од глад во светот.
Иако тие тетоважи сега ги нема, тие луѓе сè уште се тука. Се надевам дека ќе можете да ги видите преку мене. Каде и да одам луѓето ме препознаваат, ме викаат по име, ме бодрат. Но за овие имиња никој не навива“.
„Но, денес во светот 805 милиони луѓе кои страдаат од глад. Па така кога и да го слушнете моето име, ќе помислите на нивните имиња. Кога и да ме видите мене, ќе ги видите и нив“, рече Златан.
Ибрахимовиќ многу добро знае какво е чувството да се биде гладен. За тоа пишувал во своите автобиографски книги, велејќи дека фрижидерот почесто му бил празен отколку полн.
Токму поради оваа причина се обидува постојано да го држи полн фрижидерот во својот дом, што не му е тешко во денешно време.
Швеѓанецот со потекло од БиХ израснал во имигрантска населба во Малме, каде неговите врсници го гледале различно и често бил понижуван и исмејуван. Но благодарение на трудот и талентот стана еден од најдобрите играчи во историјата.
Викендов стана најстар стрелец во историјата на Серија А со 41 година и 166 дена.
Гестот со тетоважите
🔴🔵Le but de Zlatan Ibrahimovic lors du 2-2 hallucinant contre Caen en 2014/15 (5 bléssés parisiens!). #PSGSMC pic.twitter.com/AhGzWrSru2
— Histoire du #PSG (@Histoire_du_PSG) May 19, 2017