Севиља има само 7 победи по 26 кола и се наоѓа во лоша збиена зона со повеќе екипи. На само два бода се до испаѓање, а лани завршија четврти.
И престои борба за опстанок, а истовремено може да се пласира директно во Лига на шампиони ако успее да слави во ЛЕ.
Патот до тој успех им е сепак многу тежок, бидејќи во четвртфинале им се падна Манчестер Јунајтед, а потоа вкрстуваат со Јувентус - Спортинг.
Инаку после поразот викендов од Хетафе, управата на Севиља вчера одлучи да го отпушти Хорхе Сампаоли и за нов тренер го назначи Хозе Луис Мендилибар кој лани го водеше второлигашот Алавес.