На средбата Мадервил - Ренџерс во шкотската Премиер лига, домаќините имаа водство против големиот ривал од 2-1 но на крај гостите од Ајброкс славеа со 2:4 и ги однесоа бодовите во Глазгов. Во 12’ минута од дуелот, топката отишла во една конструкција под коментаторските седишта, па турскиот лев бек од Ренџер Ридван Јилмаз не можел да ја најде со децата задолжени за топки.