Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Во нафташкото дерби Лукоил славеше над Макпетрол

Гранит, Аптив и Лукоил се екипи кои со победа го отворија првото коло од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија.

Навивачка изведба на „О соле мио“

Клубот Савоја од Торе Анунциата, предградие на Неапол, има многу симпатична поддршка. Навивачите на последниот меч на нивниот клуб ја испеале и познатата наполитанска песна „О соле мио“ (Сонце мое) која е напишана во далечната 1898-ма година од Џовани Капуро. Музиката ја напишал Едуардо ди Капуа во истата година при престој во Одеса.

Невиден бес на тенис, искрши три рекети за неколку секунди

Во фудбал и во кошарка често има закачки, пцовки, па и физички пресметки меѓу играчите, но кај одредени тенисери сè почесто се гледа необјаснив бес па страдаат рекети или некој друг предмет. Овојпат Русинот Александар Саша Бублик кој игра под знаме на Казахстан, на турнир во Монпеље искрши дури три рекети фрустриран што губеше од францускиот тенисер Грегуар Барер.

Како ли ќе изгледа сега тоа со Дончиќ?

Лука Дончиќ го пропушти и третиот меч по ред поради повреда. Неговите Далас Маверикс играа против ЛА Клиперс на гости и победија 110-104. На овој меч за Мавси дебитираше суперѕвездата Кајри Ирвинг кој неколку часа претходно дојде од Бруклин Нетс како огромно засилување за Далас пред плејофот. Ќе биде интересно да се види каков ќе биде односот меѓу Кајри и Лука со оглед на тоа што и двајцата сакаат што повеќе топка во свои раце, знаат да бидат незгодни во односот и експлозивни во реакциите.

Емре Џан даде гол од пола терен, како да е тоа најлесна работа

Емре Џан и Марко Ројс ја однесоа Борусија Дортмунд во четвртфиналето од германскиот Куп која славеше над Бохум со 2:1. Резултатот го отвори Емре со несекојдневен погодок од центар, откако голманот имаше несмасен дегажман.

Чичо кога брани, брани, не се зафркава

Салваторе Настази има 58 години и е најголем хит во италијанскиот нисколигашки фудбал. На 24-ти март Настази ќе полни 59 години. Брани за нисколигашот Торегрота (Прва категорија на Сицилија). На мечот со Чита ди Галати кој завршил 2-2, чичко Салвато бранел како Буфон во најдобри денови.

Топ 3 одбрани на Митревски кој блесна во ЛШ

Ракометарите на Порто после 11 кола ја вкусија првата победа сезонава во Лига на шампиони. Падна Динамо Букурешт убедливо со 32:23. Македонскиот репрезентативец беше еден од најдобрите на мечот со вкупно 12 интервенции. ЕХФ му издвои три и напиша: Што ли јадат голманиве за доручек?

Мега трампа во НБА во последен час - големи суперѕвезди сменија средина

Големите суперѕвезди Кевин Дурант и Расел Вестбрук пред истекот на прозорот кој овозможуваше промена на средината, потпишаа договори со нови клубови во НБА.

Турчинот Демирал ги става на аукција највредните дресови, за хуманитарна помош

Одличниот турски стопер и репрезентативец на Турција, Мерих Демирел одамна игра во Италија. Прво беше стандарден член на Јувентус, а сега веќе неколку сезони го носи дресот на Аталанта од Бергамо. Потресен и погоден од земјотресите во Турција, тој решил да помогне како и многу негови колеги.

Какви две бомби на Хулк од слободен, голманот немаше шанса

Триесет и шест годишниот Хулк постигна два прекрасни гола на мечот меѓу неговиот Атлетико Минеиро и Демократ од државното првенство Минеиро. Хулк испрати две разорни бомби од преку 30 метри далечина. На крај неговиот Атлетико славеше 3-1, а за шпицот ова е веќе петти гол на три меча сезонава.

Алиоски купуваше облека за настраданите во Турција

Македонскиот репрезентативец е дел од голема хуманитарната акција на Фенербахче за семејствата погодени од силниот земјотрес кој одзеде преку 12.000 животи.

Голчиштето на Малиновски и пимплањето на ПСЖ во 95-та како да не бркаа гол

Фудбалерот на Аталанта, Руслан Малиновски кој од минатиот месец игра на позајмица во Марсеј ја опали неодбранливо со лева со што го елиминираше ПСЖ во Купот. Изненадува односот на Парижаните кои на 15 секунди до крај го тупеа пред шеснаесетник.

Од Нејмар што можеш друго да очекуваш?

ПСЖ се соочи со елиминација во осминафиналето од Купот на Франција откако загуби 2:1 од Марсеј. Нејмар не се менува. Лежеше на тревата на Велодром и се виткаше сè додека неговите не ја освоија топката. Потоа како ништо да не било.

Холандска фудбалерка се освежува со сок од кисели краставички

Несекојдневна глетка ни доаѓа од Холандија каде на женски фудбал една фудбалерка од стручниот штаб добива тегла со кисели краставички и пие од расолот.

Моментот кога го снимаш татко ти како станува стрелец број 1 во НБА

38 годишниот Леброн Џејмс има три деца: Бруни (18), Брус (15) и Жури (8). Двајцата синови со мобилни му го бркаа епскиот рекорд и направија бесценети клипови.

А за победата над Фламенго, шеикот ќе ги злати со по 250.000 долари

Во полуфиналето на Светското клупско првенство кое има голема важност за ФИФА, клубот Ал Хилал од Саудиска Арабија направи првокласно чудо откако со 3:2 го победи шампионот на Бразил, Фламенго. Сега ги чека Реал Мадрид во финале.

Еден од појаките тренинзи во кариерата на Ќиро

Тренерот на сите тренери, како го викаа со децении регионалните медиуми, Мирослав Ќиро Блажевиќ почина во Загреб на 88-годишна возраст после долго боледување. Ќиро во кариерата водеше еден куп клубови и репрезентации, а секој негов тренинг бил приказна за себе.

Неповторливи рекорди во НБА кои му се недостижни дури и на Леброн

Триесет и осум годишниот Леброн Џејмс на 10,9 секунди пред крајот од мечот со Оклахома погоди шут за два и тоа значеше вкупно 38 поени на крајот од средбата или 38.388 досега во кариерата.

Гугл во чест на Леброн Џејмс

По пауза од 39 години, соборен е рекордот по број на постигнати поени во најсилната кошаркарска лига во светот. Тоа го стори „Кралот“, еден од најдобрите кошаркари во историјата кој 20 години игра во топ форма. Напишете го на Гугл да видите како го испочитуваа.

Почина легендарниот Ќиро Блажевиќ

После долго боледување, на 88 години во Загреб починал тренерот на сите тренери, легендарниот освојувач на бронзен медал на Светско првенство 1998-ма година, Мирослав Ќиро Блажевиќ.

Трипл-дабл на Јокиќ за едно полувреме

Во вечерта кога Леброн Џејмс влезе во вечноста откако постигна 38 поени и се искачи на прво место на вечната листа најдобри стрелци во историјата на НБА, и Никола Јокиќ имаше нова партија за насловни страни.

Цела НБА е на нозе, Кралот Џејмс се искачи на тронот

Леброн Џејмс стана најдобар стрелец на сите времиња откако го мина Карим Абдул Џабар кој го држеше рекордот 39 години. Мечот беше во прекин, а Џабар на лице место му честиташе на Леброн за неверојатниот подвиг.