Од најголемо навивачко лудило кое не се гледа на друг кошаркарски натпревар, атмосферата во Штарк арената во Белград преку ноќ се претвори во трагична после убиството на осумте деца.
На четвртата плејоф пресметка од Евролигата меѓу Партизан и Реал Мадрид немаше пеење, скандирање, кореографија, а ниту пак беше пуштена клупската химна.
Во салата завладеа молк од 20.000 навивачи кои збунето стоеа, ги држеа своите навивачки реквизити, а потоа со едноминутно молчење и долги аплаузи им оддадоа почит на жртвите.
Навивачите држеа рози кои потоа ги фрлија на паркетот, а Гробари истакнаа два транспаренти:
„Вклучи го мозокот, исклучи го Пинк“, алудирајќи на тоа срањата наречени реални шоу.
„Оддалечувањето од традицијата, верата, семејството, секогаш оставаат трагични последици. Спокој на душите на настраданите во училиштето Владислав Рибникар“.
Во чест на настраданите, кошаркарите на Партизан носеа црни маици со името на училиштето во кое се случи трагедијата.
Наместо да биде спортсти празник, на мечот кој го добија гостите и израмнија на 2:2, завладеа колективна тага.
Košarkaši Partizan Mozzart Beta u majicama OŠ Vladislav Ribnikar pic.twitter.com/ENkxo0Xp7t
— Mozzart Bet (@MozzartBet) May 4, 2023
Контра систему! Буди човек, а не број 🖤#partizan #grobari pic.twitter.com/aDa7jh3AUz
— Partizan.net (@PartizanNet) May 4, 2023
Preteške scene u Beogradskoj Areni... ⚫️⚪️💔💐 pic.twitter.com/zOrM5ktcPv
— PartizanINFO 1945 (@PartizanINFO45) May 4, 2023
Bez reči. Samo aplauz... pic.twitter.com/5PuSt2rhvR
— OK Partizan Efbet (@PartizanOk) May 4, 2023