Браво Амал, во Норвешка одамна немало ваков погодок

Во 5. коло од новата сезона во норвешката прва лига, Бодо Глимт со 2-0 го совлада Од и е прв на табела со 13 бода. На овој натпревар вториот гол го постигнал Амал Пелегрино, играч кој лани дал 27 погодоци на 25 меча, а сезонава веќе има 7 на 5.

Амал Пелегрино има 32 години, роден е во Норвешка каде ја поминал речиси целата своја кариера со исклучок на неколкумесечен престој во Саудиска Арабија во 2021-ва.

4 мај 2023 - 12:17