
Елиф Елмас вечерва би можел да стане вториот македонски репрезентативец после Горан Пандев кој прославил скудето во Серија А.
На стадионот „Сан Паоло“ во Неапол цел ден се полнат трибините и таму во живо на големи видео-бимови ќе се следи дуелот од Удине. Се спрема фешта за Осимен, Елмас и другарите.
Неапол три пати во пет дена очекува потврда на титулата. Прво ремито со Салернитана го одложи славјето, потоа Лацио синоќа со 2-0 го совлада Сасуоло и на неколку часа ја помести прославата на скудето.
Ниту еден тим јужно од Милано и Торино не ја освоил титулата уште од Рома во 2001-ва.
Денес околу 11.000 тифози на тимот од градот под Везув ќе го бодрат Наполи во Удине.
Вака беше во неделата, а денес ќе биде уште поголема журка ако победат:
🛣️ Together en route to the end goal…
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) May 1, 2023
💙 #ForzaNapoliSempre #TuttoPerLei pic.twitter.com/2nPxefv2Cv