Голем гест на Лука Дончиќ по масакрот во Белград, ќе ги помогне семејствата на настраданите

Големата НБА суперѕвезда соопшти дека ќе ги покрие сите трошоци за погребните услуги за настраданите во страшниот масакр кој се случи во основно училиште во Белград и дека и натаму ќе ги помага сите блиски на настраданите.

„Поради трагедијата и изгубените детски невини животи моето срце е скршено! Моите мисли се со семејствата на жртвите и целата нација. Мојата фондација по повод овој тежок и немил настан им пружа поддршка на сите семејства и наставници од основното школо Владислав Рибникар.

Белград, поддршка, со вас сум. Преку фондацијата барам начин како краткорочно и долгорочно да ги помогнам учениците и семејствата погодени од пукањето во Основното школо Владислав Рибникар. Посветен сум и ќе продолжам да делам новости и начини на поддршка како деталите ќе стануваат достапни“, соопшти ѕвездата на Далас Лука Дончиќ.

4 мај 2023 - 23:23