Голем дел од јавноста во Србија меѓу кои и поранешни и актуелни тренери и кошаркари апелираа мечот меѓу Партизан и Реал Мадрид да се одложи за некој ден, но поради згуснатиот распоред на двата тима, не добиле дозвола за такво нешто од Евролига.
„Денес стигна веста за голема трагедија. Неверојатно, сите бевме во неверување и сакам да изразам сочувство до сите семејства на настраданите деца. Голема трагедија, каква што во нашата земја не е забележана.
Што се однесува до мечот, не знам што да ви кажам, огромен проблем е поради термините. Кога би можеле да играме? Ќе има тродневна жалост. Реал има обврски во домашното првенство, ние имаме обврски. Се тоа би донело до поместување. Може да се случи да играме и петти натпревар, кога би го играле? Не е тоа прашање за мене. Секако не е ни важно, сите во моментов се во шок поради големата трагедија и логично е да има разни мислења. Колку што сфатив, ние ќе играме“, изјави Жељко Обрадовиќ.
Навивачите на Партизан попладнево објавија соопштение во кое најавија дека првото полувреме ќе мине без организирано навивање. Пратена и порака до сите кои ќе дојдат да понесат цвеќиња, а нема да има песни ни музика на почетокот на натпреварот.
„Веруваме дека никому не му е до песна и претерано славје кое би било крајно невкусно во овој момент. Денешниот меч да го проследиме достоинствено и во согласност со трагедијата која ја погоди нашата земја.
Свесни за трагичниот момент за нашата нација и важноста на натпреварот за нашиот клуб, ќе се обидеме да пронајдеме средина. Да ја исполниме Арена до последно место и на почеток на мечот нема да има препознатлива песна, туку сите со кренати шалови и цветови во потполна тишина да го испратиме почетокот на натпреварот.
Да бидеме со играчите и клубот и да покажеме пијетет кон невино настраданите. Замолуваме секој, кој сака и кој може да донесе цвет.