Offside

Ал Аин од Обединети Арапски Емирати налета на незгодна италијанска мина во првото коло од Б група на Светското клупско првенство. Во Вашингот пукна петарда зад која стојат Коло Муани и Консеисао како двојни стрелци и еднаш Јилдиз.

Баш луд пресврт во НБА каков што немало многу одамна

Лос Анџелес Клиперс е екипа која што синоќа го направи најневеројатниот пресврт на еден НБА меч во последните 13 години.

Скандинавската драма во која Шведска ја исфрли Норвешка со серија од 5:0 во финишот

Една од мега битките кои не беа за пропуштање на овој шампион е дефинитивно скандинавското дерби меѓу Шведска и Норвешка. Во ракометот и да си фаворит со комонта предност на крајот, можеш да добиеш неочекуван шамар. Што ти е менталитет.

Не е арен Хакими, го повтори слободниот удар од пред неколку дена

Само штом им покажа на Габон како се шутира слободен удар кој не се брани и изгледаше дека ќе нафрли, бекот на ПСЖ се истакна со нов речиси идентичен удар од иста позиција. Овој пат против Малави за победа од 2:1 и пласман во четвртфинале на Купот на Африкански нации.

Јуначките одбрани на Коралес во последна минута, вредни полуфинале за Шпанија

Европското првенство во Словачка и Унгарија нуди супер интересни дуели, посебно во финишот од втората групната фаза, а епитетот „драма“ го имаше и на средбата меѓу Полска и Шпанија.

Комичната акција на Лејкерси против Мајами

Освоија топка, тргнаа од центар, а циркузот го најави Леброн Џејмс со додавање како на физичко во прва средно, кога наставникот ќе ви рече еве ви баскет, играјте на два коша.

Надалада - удар после кој нема враќање во игра

Во многу тежок меч Рафаел Надал во четвртфиналето на АО го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 3:2 во сетови после повеќе од четири часа игра.

Незаборавното ривалство меѓу гладијаторите Ивано Балиќ и Никола Карабатиќ

Во ек на Европско првенство, ЕХФ објави краток документарец за двете ракометни икони, репрезенти на двете ракометни нации, Хрватска и Франција. Какви само битки водеа овие двајца волци. Заедно тежат 12 златни медали.

Коментар на место

Ниту ќе го убијат, ниту ќе го нападнат. Јаки се само на спреј. Во реалноста Влаховиќ ќе мора да се соочи со грди пароли, скандирања мајки, шајки и свирежи, тогаш кога ќе се врати во Фиренца во друг дрес, најверотно оној на Јувентус. Сè друго е само јачање на ултрас ликови кои никогаш не барале ферка со играчите, туку со оние од гостинската трибина. Да бидеме реални.

Најјакиот ритрн на Штефи Граф

Легендарната германска тенисерка со 22 гренд слем титули, во 1996-та оди да го брани и го освојува Вимблдон по седми пат во кариерата. Во полуфинале игра против Кимико Дате, ама наеднаш се јавува уште еден „противник“.

Кире Лазаров: „Ова Европско е нерегуларно“

Селекторот на Македонија и еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Кире Лазаров смета дека континенталниот шампионат во Унгарија и Словачка организиран од ЕХФ не е регуларен. Цело Европско го следат циркузи.

Шаповалов се изнервира со Надал и го нападна судијата дека е корумпиран

Денис Шаповалов не успеа да излезе на крај со Надал во четврфиналето на Австралија опен и е елиминиран со 3:2. Канаѓанецот во еден момент бараше од судијата да го казни Шпанецот со образложение дека премногу време му треба да се спреми за сервирање.

Кирјос со топче погоди дете на трибините и го расплака па му подари рекет

Во текот на овогодинешното Отворено првенство на Австралија најголем хит е Ник Кирјос, Австралиецот со грчко потекло. Иако испадна во сингл турнирот, тој сега игра во дубл со неговиот сонародник Кокинакис. При една грешка на неговиот партнер, Кирјос нервозно удри со рекетот едно топче кое одлета на трибините и погоди едно мало дете. Кирјос дојде да го утеши со рекет.

Видео од стампедото во Купот на Африкански нации, 8 мртви

Осминафиналниот натпревар во Купот на Африкански нации меѓу Камерун и Коморски Острови се одигра како ништо да не се случило, а тоа хорор со жртви и еден куп повредени.

Смртни закани за Влаховиќ пред Артемио Франки

Трансферот на големиот српски талент е сè поблиску, а тоа страшно ги боли навивачите на Фиорентина, бидејќи изгледа дека ќе се оствари во нивниот душман Јувентус. Плус ќе нема кој да дава голови.

Хит во Африка - лев бек бранеше врвно како голман, Комори пружија херојски отпор со играч помалку против Камерун

Репрезентацијата на домаќинот на Купот на Африка Камерун пред 60.000 свои гледачи едвај ја совлада храбрата селекција на Коморски Острови со 2-1 (1-0). Ривалот немаше голман па им бранеше лев бек, а со девет играчи во поле створија неколку сериозни шанси.

Драмата меѓу Полска и Русија која заврши со нерегуларен гол од 15 метри

Селекциите на Полска и Русија приредија финиш каков што немаше до сега на ова Европско првенство. На 3 секунди до крај Пољаците постигнаа гол за победа. Русите тргнаа од центар и успеаа да израмнат, ама со помош на судијките.

Навивач без памет, со нож им влета на фудбалерите на Палмеирас

Мислевме дека најлудата поддршка викендов ја приредија навивачите на Милан. Ама таму описот „најлуда“ ни е во фигуративна смисла. Вистинскиот лудак се наоѓа во Бразил и после ова не треба повеќе никогаш да го пуштат на стадион.

Во селски лиги паѓаат најубави голови - докажано

Во англиската таканаречена non-league фудбалска, аматерска лига, на меч меѓу Кливедон Таун и Бакленд Атлетик, домашните славеле 4-2. Извесен Оли Бабингтон дава гол кој просто МОРА да конкурира за гол на сезоната и награда од ФИФА.

Дончиќ и Јокиќ се поигруваа, Далас растура

Со 34 поени, 9 скока и 8 асистенции, Никола одново ги носеше Нагетс до нов триумф, овојпат 117-111 против Детроит Пистонс. На центарот кој во моментов е прв кандидат за МВП титулата во регуларниот дел, му требаше малку за нов трипл-дабл, но благодарение на неговите погодени слободни фрлања на крајот се реши победникот.

Махер на колото кој со трубачи им се испрчи пред кладилница

„Сакам да гледам насмеани луѓе околу мене и без разлика дали сум добил 5 или 50.000 евра, јас сета добивка ја делам со луѓето околу мене. Имам огромно срце и сакам да го живеам животот со полни гради“.

Појас за кичма дан требит?

Во дербито на вечерта во НБА, Голден Стејт (34-13) ја совлада Јута (30-17) со 94:92. Најјак момент на мечот беше потегот со кој Џордан Пул од Вориорс го измести Џордан Кларксон.

Неверојатно забивање поради кое цела сала во Орландо се држеше за глава

Убедливо најслабиот тим во цела НБА лига сезонава, Орландо Меџик (учинок 9-39), направи изненадување и со 114-95 го совлада Чикаго Булс за само деветти триумф на 48 меча. Прв стрелец беше Мориц Вагнер со 23 поени, а Џален Сагс освен што постигна 15 поени со 5 скока и 7 асистенции, имаше и страшно забивање преку Демар Дерозан.

Со свој камен по глава

Верувале или не, Галатасарај е на две места од зоната за испаѓање од турската Суперлига со 27 бода. Имаат четири порази по ред, го отпуштија тренерот Фатих Терим, а како капак на сè им дојде поразот после пресврт во самиот финиш од големиот ривал и главен кандидат за титулата Трабзонспор кој е лидер на табела со 54 бода.

Лудачки пречек за тимот на навивачите на Милан

Синоќа во Милано беше фудбалски празник. Ги гледаш снимките и не ти е јасно дали клупскиот автобус оди на стадион за утакмица или се враќа после освоена Лига на шампиони.