Со свој камен по глава

Верувале или не, Галатасарај е на две места од зоната за испаѓање од турската Суперлига со 27 бода. Имаат четири порази по ред, го отпуштија тренерот Фатих Терим, а како капак на сè им дојде поразот после пресврт во самиот финиш од големиот ривал и главен кандидат за титулата Трабзонспор кој е лидер на табела со 54 бода.

Еве како Галатасарај се победи сам:

Притоа капитенот Омер Бајрам падна како покосен откако најверојатно бил погоден со тврд предмет фрлен од трибините. Во прв момент изгледаше како да се обидува да изглуми дека противнички играч го удрил, ама подоцна побарал медицинска помош

24 јануари 2022 - 09:22