Offside

Леброн Џејмс во една прилика изјави дека најдобриот европски играч во НБА историјата е Дражен Петровиќ. И 32 години по неговата смрт, тој е неисцрпна кошаркарска тема.

Центар шут на бек на Партизан по кој Фиго и Бекам би го напуштиле стадионот

Кога Александар Миљковиќ ќе упати центар шут, во Србија се гаси една фудбалска школа, стои во еден од коментарите на навивачите на Партизан на социјалните мрежи после гостинската победа над Спарта Прага. Велат дека дечкото има страшен потенцијал за Супербол.

Пандев: Четири дена не спиев после заминувањето од Џенова

По неочекуваниот трансфер во јануари во Парма, Горан Пандев ги објасни причините за заминувањето од Џенова, каде веќе не се чувствувал како дома. На лето става дефинитивно крај на кариерата.

На прес-конференција си, не во диско

23-годишниот Бразилец Артур Кабрал дојде во Фиорентина како замена за Влаховиќ. Препорака за трансферот во Фиренца му беа повеќе од 50 голови за Базел во Швајцарија. Веќе забележа два меча за виолетовите, а на прес-конференција за малку со поглед ќе ја изедеше портпаролката на клубот.

Легендарниот македонски новинар кој се начукал на Олимпијадата во Сараево со Кирк Даглас

Додека оди ЗОИ во Пекинг, ни текна на една ексклузива која ја дознавме за ЗОИ Сараево 1984. Ја имаме споделено еднаш, ама ваква сторија не е за еднаш. Да не знаете некој друг наш новинар кој седел на маса со легендарниот холивудски актер и снимил интервју долго 4 и пол часа?

Лука шоу - 49

Во триумфот на Далас над Њу Орлеанс Пеликанс 125:118, словенечкиот репрезентативец одигра уште една невозможна партија и постигна страшни 49 поени, со 15 скока и осум асистенции. Лука Дончиќ стана само четврт играч во историјата на НБА кој на 10 меча постигнал 350 поени, 100 скока и 75 асистенции. Пред него тоа им пошло од рака на Оскар Робертсон, Мајкл Џордан и Расел Вестбрук.

Оваа да не му е баба на Пабло Ескобар?

Други погледи имаат во Јужна Америка кон фудбалот, а на бабава не и се јасни некои работи околу прославата на голови. Тешко на дедото дома со ваква.

Утките на Барса по кои немаше утеха за Торес

Елиф Елмас се истакна јако со дриблингот и асистенцијата до Зјелински, а Наполитанците треба да бидат пресреќни што си заминаа со 1:1 од Камп Ноу. Барса се изнапромаши и мечот го заврши со вкупно 21 удар наспроти 4 на гостите.

Судија во Дортмунд даде жолт картон на празно шише

Ренџерс направи огромен чекор кон пласман во осминафинале на Лига Европа откако со 2:4 го растури Дортмунд на гости. Аголот на една од камерите во еден момент беше поставена така, да го претстави главниот судија Клеман Турпан како му покажува жолт картон на едно празно фрлено шишенце.

Џани во 95-та минута го спаси својот тим од пораз

Додека во ЛЕ на сцена беа четворица македонски репрезентативци, во Саудиска Арабија се играше мечот Ал Ахли - Ал Фајха на кој се судрија Алиоски и Трајковски. Алекс остана на клупа, а Џани во последните минути ги постави конечните 1:1.

Асистенција на Елмас, кој му скрши кичма на Жорди Алба

Наполи има водство на Камп Ноу, а голем дел од заслугите за тоа се на Елиф Елмас. Бисерот на Македонија со еден потег го прати Алба по бурек и му ја сервираше топката на тацна на Зјелински за 0:1, по половина час игра.

ПСЖ има енормно висока ставка за плати во време на голема криза

Платите на дрим тимот кој владее во Франција, а сака и во Европа, се една третина од целата домашна прва лига, а бројката силно расте од година во година. Само Меси и Нејмар ја цицаат касата заедно со 66 милиони евра годишно.

Танцот за злато на 17-годишната Ана Шчербакова

И покрај тоа што сите предвидувања беа дека руското сјајно трио Валиева-Шчербакова-Трусова ќе заврши на првите три места, најмалата меѓу нив и најмала на Олимписките Игри, Камила не го издржа големиот притисок од светската и домашна јавност и настапи слабо во поединечен стил со четири грешки и падови. Светската шампионка Ана Шчербакова и Саша Трусова се враќаат со златен и сребрен медал. Сосема заслужено.

Камила не успеа, падна и заврши четврта, 17-годишната Ана Шчербакова е олимписки шампион

Откако на првиот олимписки турнир во уметничко лизгање им помогна на другарките од репрезентацијата во тимски настап да стигнат до првото место пред САД и Јапонија, Камила Валиева беше прва и во кратка програма кога блесна, но попладнево имаше слаб настап во слободен стил.

Снимка од авионот на Сити кој се откажа од слетување во Манчестер

Фудбалерите на Манчестер Сити го згазија Спортинг 0:5, ама не можеа да се вратат дома најбезбедно. Пилотот се обидел да слета на ветер силен 74 км на час и после 15 минути борби со невремето, авионот го усмерил на аеродромот во Ливерпул. Ова за гледање не е убаво, а не па да си внатре. 

Извонредните интервенции на Томовски против Монпеље

РК Вардар прекина ужасна серија во Лига на шампиони од седум порази по ред, а еден од најзаслужните за големата гостинска победа против лидерот на табелата е Мартин Томовски кој блесна со 13 одбрани. 24 годишниот Томовски станува сè поголема сигурност на голот на црвено црните, но и во дресот на Македонија.

Мбапе во соло продор, сам против никој

Не го оставајте дру пат човекот сам, бидејќи ќе направи поголема беља, а од тоа ќе загуби најмногу фудбалот.

Фото на денот

Од лево на десно горе стојат: Марко Асенсио, Тибо Куртоа, Дани Карвахал. Од лево на десно доле стојат Родриго, Еден Милитао, Федерико Валверде. Жените де нивни, кои допатуваа во Париз за да го разубават дербито ПСЖ - Реал Мадрид. Прекрасна гостинска публика.

Саутемптон провален дека симулира прекини за тајм-аут и тоа во исто време

Ако сè уште не сте забележале, сега на следниот меч на симпатичниот премиерлигаш Сауемптон би можеле да приметите како смислиле интересен начин да одморат и практично да добијат совет плус од тренерите и лекарите. Но не секогаш им оди во прилог. Напротив.

Фински скијач изгуби контрола и се заби во камерман

Зимските Олимписки Игри во Пекинг, особено натпреварите во скијање донесоа неколку инциденти. Сега последен е дело на Финецот Јон Салинен кој за време на настапот во халфпајп проба еден потег, но изгуби контрола и излета од патеката па удри во камерман.

Тренерот на РБ Салцбург има само 33 години, една година е помлад од тренерот на Баерн Минхен

Во Австрија синоќа во Лига на шампиони не беше ништо помалку интересно отколку на големиот меч во Милано меѓу Интер и Ливерпул. Салцбург повеќе од 70 минути водеше против Баерн но на самиот крај Кингсли Коман израмни и ги постави конечните 1:1.

Комбинацијата Јокиќ - Морис за победа на Денвер со звукот на сирената

Денвер Нагетс го доби дербито на вечерта против Голден Стејт со 117:116, а број 1 на паркетот веќе по кој знае кој пат беше актуелниот МВП во НБА лигата.

Ножичките на Кореа и интервенцијата на Облак

Барди и другарите синоќа остварија сензационална победа на гости против Атлетико, само втора сезонава и се на дното на табелата. Мечот го одбележаа неколку драми, посебно две во 96-та и 97-ма минута кои за малку не го сменија резултатот.

Бик нападна велосипедист на сред трка

Се работи за трка долга 128 км позната како Bianchi Rock Cobbler во најтешките предели од западниот дел од САД. За овој тркач овој пат и најтешка и најстресна. Среќа куртули.

На мечот Атлетико Мадрид - Леванте падна најчудниот шут од пола терен

Атлетико Мадрид повторно ги разочара своите навивачи откако вечерва изгуби дома од убедливо најслабиот и последнопласиран тим во Ла Лига, Леванте. Гостите победија 0-1 со гол на Мелеро во 54'. Енис Барди играше нешто повеќе од еден час, а неговиот соиграч Микаел Малса распали еден невозможен шут од пола терен кој заврши во пречката.