Уметничко лизгање

Камила не успеа, падна и заврши четврта, 17-годишната Ана Шчербакова е олимписки шампион

Откако на првиот олимписки турнир во уметничко лизгање им помогна на другарките од репрезентацијата во тимски настап да стигнат до првото место пред САД и Јапонија, Камила Валиева беше прва и во кратка програма кога блесна, но попладнево имаше слаб настап во слободен стил.

Меѓународниот олимписки комитет уште пред неколку дена најави дека доколку Камила Валиева, девојчето кое беше предмет на истрага поради наводни микротраги од недозволен препарат во нејзиниот организам пронајдени во декември лани, биде меѓу првите три натпреварувачки, официјална церемонија на доделување медали и свечени цвеќиња нема да има. Барем не додека трае истрагата.

Тоа беше огромен притисок и товар на грбот на 15-годишната Русинка.

На крајот од турнирот во уметничко лизгање кај жените, во поединечна конкуренција во Capital Indoor Stadium во Пекинг, Камила Валиева не ги повтори претходните блескави настапи од првите две изведби, имаше неколку грешки и падови на мразот, поради што доби послаби оценки од другите натпреварувачки и заврши четвртопласирана.

На крајот завршува со 141.93 поени во слободен стил и 224.09 вкупно во генералниот пласман или четврто место.

Сјаен настап овојпат имаа нејзините сонароднички, актуелната светска шампионка Ана Шчербакова и Александра Трусова. 17-годишната Ана Шчербакова е нов олимписки шампион, откако денеска заслужено го освои златото по фантастичен настап!

Шчербакова и Трусова долго време беа во втор план, во сенка на скандалот кој изби со 15-годишната Камила и неколку дена тренираа со сознание дека нема да бидат на подиум и нема да добијат медали доколку нивната другарка заврши прва, втора или трета во генералниот пласман.

Шчербакова попладнево настапи последна. Таа правеше чудесни четирикратни скокови и успеа да ја надмине нејзината другарка од руската селекција, Трусова. На крајот Ана освои четири бода повеќе од Трусова но благодарение на повеќето бодови освоени во кратка програма, стигна до прво олимпиското злато.

Овојпат се испостави дека Шербакова и Трусова ќе ги добијат заслужените златен и сребрен медал. Третопласирана заврши одличната Јапонка Каори Сакамото која освои бронзен медал.

ПРИТИСОКОТ СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО

Јасно беше уште и пред последниот турнир дека Камила Валиева е под огромен притисок како од домашната, така и од светската јавност, но и од нејзините лични очекувања.

Валиева беше голем фаворит (иако има само 15 години) и на крајот не успеа да стигне до медал во поединечна конкуренција. Се очекуваше таа да направи неколку четирикратни скокови, да блесне како во вторникот но на крајот не се избори со притисокот.

Уште од старт покажа несигурност и за разлика од вторникот, после првиот ризичен доскок, овојпат падна на мразот и беше јасно дека нема да биде во конкуренција за злато.

Танцот за злато на 17-годишната Ана Шчербакова

Прочитајте уште и:

„Знаеме дека дедо ѝ ја зема и ја носи на тренинзи, а тој пие лекови со триметазидин“

Нов блескав настап на Камила Валиева, но нема да има подиум ни медали

Жестока изјава на тренер за младата Русинка - Жулин фрли дрвја и камења по WADA

17 февруари 2022 - 14:45