Танцот за злато на 17-годишната Ана Шчербакова

И покрај тоа што сите предвидувања беа дека руското сјајно трио Валиева-Шчербакова-Трусова ќе заврши на првите три места, најмалата меѓу нив и најмала на Олимписките Игри, Камила не го издржа големиот притисок од светската и домашна јавност и настапи слабо во поединечен стил со четири грешки и падови. Светската шампионка Ана Шчербакова и Саша Трусова се враќаат со златен и сребрен медал. Сосема заслужено.

Ана Шчербакова на крајот златна со освоен 255,95 поени, Александра Саша Трусова освои 251,73, Јапонката Кори Сакамото  233,13, а малата Камила Валиева 224,09.

По светското злато во Стокхолм 2021, фантастичната Ана Шчербакова на 17 години може да се пофали и со олимписко златно одличје:

 

 

Настапот на сребрениот медал Александра Саша Трусова:

Камила не успеа, падна и заврши четврта, 17-годишната Ана Шчербакова е олимписки шампион

17 февруари 2022 - 15:33