ПСЖ има енормно висока ставка за плати во време на голема криза

Платите на дрим тимот кој владее во Франција, а сака и во Европа, се една третина од целата домашна прва лига, а бројката силно расте од година во година. Само Меси и Нејмар ја цицаат касата заедно со 66 милиони евра годишно.

Арапските пари во европскиот фудбал постојано поместуваат граници, а тоа најдобро може да се забележи во Париз. Кој ќе успее да направи трансфер во ПСЖ од еден договор може да рече „збогум сиромаштијо“.

Внимавајте го овој раст. Во сезоната 2018/19 буџетот им бил 370 милиони евра. Во 2019/20 се искачил на 414 милиони, а веќе следната сезона 2020/2021 на 503 милиони.

Уште малку и ќе го дуплираат од пред четири сезони. Л`Екип тврди дека за оваа сезона Парижаните само за плати имаат за давање 629 милиони евра, сума со која газда Насер Ал Келаифи не се сложува и го демантира весникот со тврдење дека буџетот му изнесува 585 милиони. Не по врат, по шија.

И покрај кампањата за кратење во време на Ковид криза, ако Л`Екип е во право, тоа значи дека платите во ПСЖ од лани пораснале за 124 милиони евра (80 милиони според газдата), а од оваа страшна сума од 629 милиони, 136 одат за данок.

Сите клубови во француска прва лига за плати на фудбалерите двојат 1,7 милијарди евра, што значи Парижаните даваат 37% од целата лига.

Големиот раст на плати се должи на трансферите на Меси, Донарума, Вајналдум и Серхио Рамос, кои лани дојдоа гратис, ама заработуваат дебело. Само Лео Меси има годишна плата од 35 милиони евра јеботе, а Нејмар 31 милион. Трет е Мбапе со 17 милиони годишно.

Францускиот весник пишува дека ПСЖ не ризикува санкции со вакви плати ни дома, а ниту во Европа, бидејќи УЕФА ги олеснила правилата за дефицитот.

Клубовите кои се натпреваруваат во клупските европски натпреварувања имаат можност да ги преполоват потенцијалните дефицити забележани во сезоните 2019/20 и 2020/21.

Според Л`Екип, следната сезона ќе се реформира целосно финансискиот фер-плеј, со воспоставување лимит на плати и данок на луксуз.

17 февруари 2022 - 15:45