Offside

Леброн Џејмс во една прилика изјави дека најдобриот европски играч во НБА историјата е Дражен Петровиќ. И 32 години по неговата смрт, тој е неисцрпна кошаркарска тема.

Хет трик за 30 минути по кој ти доаѓа да смениш професија

Македонскиот стратег Влатко Андоновски кој ја води женската фудбалска селекција на САД, беше сведок на најуникатниот хет-трик за кој сте чуле до сега. Ем брз, ем во исто полувреме, па уште и во погрешна мрежа. Неверојатно.

А носилки немаме ли во прва лига?

Шкендија - Борец, македонска прва лига. Еден од играчите повреден лежи на терен. Нит се истрчаа да го земат со носилки, нит со оние количкине. На раце го изнесоа, како да е ова меч од 1952-ра година. Па уште и на Арена ја даваат, за да пукне регионална брука.

Дуел од Премиер лига кој ќе беше подобро да не го фати камера

Нил Мопеј од Брајтон против Ерик Питерс од Барнли. На почеток ќе разбереме, борба за топка, ама на крај ја претера и ќе влезе во некоја неславна компилација на потези во фудбалот.

Зошто е Холандија тотално доминантна во брзо лизгање?

Феноменот со брзо лизгање во Холандија. Најуспешна нација која има апсолутна власт во овој спорт на големите европски, светски првенства и Олимписки игри. Како?

Шкорпион-гол во Австралија кој ги полуди коментаторите и навивачите

Вестерн Јунајтед со 3-2 го победи Вестер Сиднеј Вандерерс. Два гола за домаќинот даде Бен Гаручио а вториот, за водство од 3-1 беше неверојатен. Сигурен кандидад за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на сезоната.

Навивачот на колото ни доаѓа од Македонска Каменица

Пролетните температури во февруари не може да изненадат толку, колку што може еден ваков изум како замена за наочари. Него успеал ли некој да го сликне и од напред?

Германка лани летото трчаше на летни олимписки игри во Токио, сега освои сребро во боб на Зимски олимписки игри во Пекинг

Интересна кариера на германска атлетичарка која конечно прифатила да се натпреварува во боб, која дошла, видела и освоила медал. Сега ѝ се враќа на својата најголема љубов: атлетиката.

75 години НБА со најдобрите 75 во историјата

Спектакуларниот Ол Стар во Кливленд на кој царуваше Стеф Кари со 16 тројки и вкупно 50 поени, беше зачинет на полувреме со голема јубилејна претстава со најголемите. На една бина се појавија од 27 годишниот Јанис Антетокумбо, па се до 89 годишниот Боб Петит, прв во историјата со 20.000 поени.

Апсурд по блгарски, 2022 година дами и господа

На малото градско дерби меѓу Славија Софија и ЦСКА, во еден момент напаѓачот на армејците Каиседо и 45-годишниот голман на домаќините Георги Петков страшно се удрија во еден дуел. Голманот го извлече подебелиот крај а амбулантното возило кое дојде неколку минути не можеа да го отворат. Коментаторот со прикладен коментар за дешавката.

Убави средби на Џордан со Дончиќ и Леброн

Најголемиот на сите времиња е голем и натаму, а тоа го покажува со респектот кон помладите. Каква чест за Лука, инаку 37 години помал од Ем Џеј. Му влета изненадувачки и се сецна и обезбедувањето.

Мјау на колото

Вест Хем и Њукасл (1:1) си поделија по бод во меч во кој домаќини бркаа победа за уште појак напад на четвртото место кое води во Лига на шампиони, а Њукасл во борбата за опстанок во Премиер лига. Во таква борба шпицот на гостите постојано го зафркавал домашниот стопер кој беше на удар на цела јавност во Британија откако се појави видео на кое се гледа како рога и шутира домашна мачка.

Кралот Џејмс го реши Ол Стар мечот со кош во последните секунди, Кари одлепи со 16 тројки

Кливленд уживаше во шоу изразено со резултат 163:160 за тимот на Леброн Џејмс кој во неизвесен натпревар до финишот, го совлада тимот на Кевин Дурент. МВП на Ол Стар мечот е Стефон Кари кој блесна со 50 поени.

Најнапнатиот кошаркарски тренер со кој не може ни Жељко

Необична и насилна случка ни доаѓа од универзитетската кошарка во Русија, каде пази богати, помошник тренерот Олег Тен, му влегува или се обидува да му влезе со бокс на главниот тренер Артем Олхов. Потенцијалната тепачка меѓу луѓето кои се од иста во Универзитет Југра, се случува на 38 секунди до крај по една нивна расправија.

Американец од Тафталиџе со еден потег ја крена цела сала на нозе

Автентичниот маалски клуб ТФТ од Тафталиџе кој само втора сезона е дел од прва лига, направи сензација откако успеа да го освои Купот на Македонија. Падна бранителот на трофејот МЗТ Скопје и тоа со пораз од 80:66, а играч на мечот беше Ландриус Хортон кој постигна 23 поени од кои едно маестрално забивање.

Јокиќ поигра мајтап со другар му Дончиќ пред Ол-Старот

Минатогодишниот МВП, признание кое го доби за најдобар играч во регуларниот дел на НБА, ужива во престојот во Кливленд каде го чека Ол Стар натпреварот. Јокиќ случајно налета на прес-конференција на Лука Дончиќ и го гаѓаше со топче.

Како Мане го распали Енфилд со еврогол со ножички

Ливерпул губеше 0-1 од Норич кој поведе преку Милот Рашица, но во три минути направи пресврт со головите на феноменалните Садио Мане и Мо Салах. На крајот печат стави новајлијата Луис Дијаз за конечни 3-1. Голот на Сенегалецот за израмнување го крена Енфид на нозе.

Елегантен гол на Суарез скоро од пола терен

Атлетико Мадрид после неколку очајни резултати, го изкали бесот врз Осасуна. Гостите од главниот град на Шпанија славеа 0-3 а вториот гол на мечот кој го даде Луис Суарез беше мајсторија во негов стил.

Убаво голче на Чурлинов за Шалке

Одличен настап на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој за жал мораше да излезе во 78-ма минута поради повреда. Четири минути претходно брз во контра, Даре ја запечати победата на Шалке од 2:0 против Падерборн.

Ставре Јада четврти од позади на 30 км

Најдобриот македонски спортист во крос-кантри, ја заврши трката на 56. место од 59 натпреварувачи кои ја минаа целта, а беа пријавени вкупно 61 учесник. 

Михајловиќ и Жунињо да мижат

Па кога ќе заврши ударот нека отворат очи.

Воспитна на денот, со ризик јак

Не успеавме да најдеме инфо за видеово, ама како и да е, ова изгледа доста храбро и не би поминало кај нас само со поглед, нели?

Како легендата на Баерн Ули Хенес пред 40 години единствен преживеал авионска хаварија

Легендарниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес е најзаслужниот што овој клуб стана најдоминантен во историјата на германскиот фудбал. На 17. февруари навршија 40 години од моментот кога преживеал страшна авионска несреќа.

Италија - Македонија најверојатно пред 100% полн стадион во Палермо

Подсекретарот на Министерството за здравство на Италија, Андреа Коста, во разговор за италијанското Радио 24 вели дека ги разгледуваат сите околности во однос на вирусот и дека целта на владата е до 31 март да укинат мерки и забрани поврзани со вирусот. А можно е и претходно.