Во август 2021-ва година Германката Александра Бургхарт трчаше на Олимписките Игри во Токио, стигна дури до полуфинале на 100 метри и освои петто место во штафета 4 по 100.
Во февруари 2022-ра година го освои сребрениот медал на Зимски олимписки игри во Пекинг во боб во пар со Мариама Џаманка.
Бургхарт не е уникат. На Зимските олимписки игри 2022 имаше уште тројца други спортисти кои дошле на Олимписки игри втор пат за пола година. Секако, на таква кратка дистанца влијаеше коронавирусот кој ги помести Игрите во Токио лани. Но најважна од се е универзалноста на атлетите кои во неколку месеци се натпреваруваа на најголеми олимписки турнири во различни спортови.
Покрај Германката Бургхарт, Натан Крамптон од Американска Самоа прво трчал на атлетските натпревари во Токио лани летото, за зимава да се натпреварува во мошне тешката дисциплина скелетон на зимска Олимпијада.
Тука е и Ајоми Хирано од Јапонја која во својата земја лани возеше скејтборд а сега се натпреваруваше во сноуборд турнирот. Жаклин Мурао од Бразил во Токио возеше велосипедска трка а сега лизгала во брзо лизгање на мраз.
БУРГХАРТ ЈА ВИКАЛЕ И ПРЕТХОДНО НО ТАА ОДБИВАЛА
Историјата на Александра Бургхарт е интересна затоа што таа до септември 2021-ва никогаш не се занимавала со боб санкање. Напротив, многу пати ги одбила понудите од германската боб федерација да настапува во овој спорт.
„О, да, федерацијата одамна ме бараше. Јас сум доволно висока и брза, а имено тие квалитети се потребни за тркање со боб санка. Но јас сакав да го реализирам својот потенцијал во главниот спорт за мене, а не да почнам нов приклучок“, рекла таа во едно интервју за Њујорк Тајмс.
После сјајните Олимписки Игри во Токио, Германката Бургхарт добила уште една понуда и тогаш веќе не размислила. Одлучила да се проба. Но со еден услов: да продолжи да работи со тренерот по трчање и да се врати во атлетиката веднаш после Пекинг 2022.
Селекторот на германската боб репрезентација рекол дека кај многу новајлии во овој спорт, боб санката предизвикува мачнина и повраќање поради брзината и притисокот. Но Бургхарт не била од тие. Неа веднаш и се допаднал бобот. Секако, останале прашања по техника, но Александра брзо ги совладала.
Селекторот Шпис ја ставил Бургхарт во пар со актуелната олимписка шампионка Мириам Џаманка. Веќе два дена после првиот тренинг Александра била пријавена за Светско првенство во боб. Во декември лани тандемот Џаманка-Бургхарт освоил второ место на етапите во Винтерберг и Алтенберг. И во Пекинг Германците дошле сега во статус на едни од фавориите.
Изгубиле во финалето и тоа само од другиот германски пар: Лаура Нолти и Дебора Леви. Одличен резултат и сребрен медал за Александра која пред само шест месеци „се прешалтала“ во зимски спорт.
Но мислите на Бургхарт и се поврзани повторно само со атлетиката: за една недела во Лајпциг почнува шампионатот на Германија во лесна атлетика. А веќе во мај почнува нова сезона.
„За тркачите тоа е исто голема сезона, ќе има Светско и Европско првенство. А после тоа мене ќе ми треба сериозен одмор“, рекла таа после освоеното сребро во Кина.
ОД АТЛЕТИКА ВО БОБ САНКАЊЕ ОВА НЕ Е ПРВ СЛУЧАЈ, ИМА МНОГУМИНА КОИ СЕ ПРЕФРЛИЛЕ, НО ОБИЧНО Е ПОТРЕБНО ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ
Премин од лесна атлетика во боб е многу честа појава и една од најраспространетите во спортот. Низ историјата има околу 140 случаи на спортисти кои биле и на зимски и на летни Олимписки Игри. Дури четириесет од нив се занимавале преку лето со атлетика, а преку зима со боб санкање.
Работата е во тоа што атлетиката ги развива основните спортски навики: сила, издржливост, брзина, координација, рамнотежа, исти кои се многу ценети и во боб санка. Многу често меѓу атлетичарите се бараат тие кои потенцијално би можеле да станат одлични боб натпреварувачи.
Александра Бургхарт не е единствена која успешно се префрлила привремено од еден во друг спорт. Бронзен медал на Олимписките игри во Пекинг освоила Американката Силвија Хофман која претходно играла кошарка и трчала атлетиски турнири, но во боб санка е веќе четири години.
На седмо место во Пекинг во боб завршила Кајша Лав која првпат седнала во боб во 2020-та година а претходно трчала за универзитетскиот тим на Невада.