Македонската фудбалска репрезентација ја чека историски полуфинален бараж против Италија на 24 март. На стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо би можело да „крца“.
„Да се стигне до 100% капацитет на стадионите е цел на Владата, апсолутно достижна за до 31 март, но би презел одговорност да кажам дека мораме да дадеме уште поголем придонес: на 24 март имаме натпревар на репрезентацијата во Палермо и верувам дека можеме да се потпреме на претпоставката дека за овој меч може да се стигне до 100% од капацитетот“, вели Андреа Коста, подсекретар на министерството за здравство на Италија.
Тој во разговор за Радио24 се осврнал и на настапот на Новак Ѓоковиќ на турнирот во Рим:
„Не ми се познати мотивите со кои подсекретарката Веѕали изјави дека Ѓоковиќ ќе може да учествува на меѓународниот турнир во Рим. Има правила кои треба да се почитуваат додека постојат. Мислам дека исклучоците, кратките насоки, завршуваат со погрешни пораки. Мислам дека треба да бидеме сите еднакви пред правилата, пред нормите и кој има многу следбениви, кој би можел да ни помогне во оваа работа и да даде добар пример. Затоа јас сум против присуството на Ѓоковиќ на турнирот во Рим“.
На ова, прозваната Веѕали која пред неколку дена кажа дека Србинот е добредојден во главниот град на Италија каде секогаш бил бодрен од италијанските навивачи, одговори:
„Сегашната регулатива за практикување индивидуални, бесконтактни спортови на отворено, меѓу кои е и тенисот не предвидува задолжено прикажување Green Pass. Никогаш не се зборувало за давање исклучок на тенисерот Ноле Ѓоковиќ, но само се повтори каква е сегашната законска регулатива“, вели Валентина Веѕали од кабинетот на подсекретарот за спорт при Владата на Италија.