
ТРГНАЛ ДА ГО ГЛЕДА БРАЈТНЕР, ЗА ПИЛОТОТ И ПРЕТХОДНО ИМАЛО ПРАШАЊА
Во 1979 година Ули Хенес ја завршил играчката кариера поради проблем со коленото и веднаш станал менаџер на Баерн Минхен, најмлад на таа позиција тогаш во Бундеслига.
На 17 февруари 1982 година цел ден преговарал со разни фудбалери. Се одело добро, бил одлично расположен. После некое време му се јавил на другарот Хелмут Зимлер, да одат во Хановер на пријателскиот меч Германија - Португалија. Многу сакал да гледа како игра уште еден негов добар пријател, Пол Брајтнер.
Ули Хенес го поканил и претседателот на Баерн Минхен, Вили Хофман да дојде со него, но тој одбил зошто не сакал да лета со авиони со пропелер. Можно е на одлуката на Ули Хенес да оди со таков авион до Хановер влијаело и тоа што прифатил да го вози познатиот пилот Волфганг Јунгингер.
Јунгинер бил одличен скијач, во 1974-та година дури и освоил бронза на Светско првенство. Но со пилотирање не му одело така добро како со скијање. Неколку години пред летањето со Хенес, Волфганг неколку пати веќе слетал принудно зошто авионот не бил доволно полн со гориво. Тогаш при незгодното слетување немало жртви но неколку патници биле повредени.
Ули Хенес не се плашел од овој факт од биографијата на пилотот. Во 18:19 часот четири лица: Ули Хенес, Зимлер, Јунгингер и копилотот Томас Купфер се укрцале во авионот Piper Seneca и се упатиле кон Хановер.
ХЕНЕС НЕ ГО ВРЗАЛ ПОЈАСОТ ПА ПОСЛЕ ПАДОТ ЛЕСНО Е ИЗВЛЕЧЕН ОД АВИОНОТ , А ГО СПАСИЛ ЛОВЏИЈА СО ЛИСИЦА И ЛАДА НИВА
Кабината на Piper PA-34-200T Seneca II е дизајнирана за 6 лица, но две седишта останале слободни. Хенес седнал во задниот дел од десна страна и брзо заспал. Час и половина подоцна, при приближувањето кон Хановер, пилотот Јунгингер го известил диспечерот на аеродромот за проблем: слаба видливост поради густа магла.
Авионот требал да слета, но службениците на аеродромот ги советувале да се искачат повисоко и да тргнат посеверно. После тоа контактот со Piper Seneca се изгубил А авионот исчезнал и од радарот - 12 километри пред пистата на аеродромот во Хановер. Во областа наречена Das Schwarze Moor - Црното мочуриште.
Спасувачки и пожарникарски екипи веднаш тргнале кон областа. Авионот удрил во врвовите на дрвата и го изорал полето поминувајќи преку 100 метри. Ули Хенес не се сеќавал што се случувало тогаш зошто најверојатно спиел, како и во поголемиот дел од летот.
Спасувачите го нашле трупот на авионот речиси цело закопано во земја. Пилотите биле осакатени од непрепознатливост, Ѕимлер исто така загинал на лице место.
Но Хенес имал луда среќа. Во извештајот за спасување се вели: „Беше речиси невозможно да се преживее оваа несреќа - чиста среќа е што барем некој преживеал“. А причината е неочекувана. Хенес не носел сигурносен појас поради што бил исфрлен од кабината за време на несреќата. Тоа и го спасило.
Генерално безбедносниот појас ги спасува луѓето во случај на сообраќајни несреќи, но во конкретниот случај Ули Хенес имал неверојатна среќа. Самата причина за несреќата никогаш не можела да се дознае зошто Piper Seneca немал црни кутии за снимање.
ДА НЕ БИЛ ЛОВЕЦ СО „ЛАДА НИВА“, ХЕНЕС ЌЕ СМРЗНЕЛ СРЕД ПОЛЕ
Во времето на падот, 43-годишниот инженер Карл-Хајнц Депе бил во околната шума. Го зел ловџиското куче и отишол на лов. Во 9 вечер Депе веќе тргнал кон дома задоволен зошто уловил лисица и ја свтикал во неговото ловџиско одело.
Возејќи со својата „Лада Нива“ низ градот Рис, Карл-Хајнц видел многу коли и камиони со трепкачки светла, брза помош, полиција, пожарникари. Застанал да праша еден офицер кој го познавал од работа. Фирмата на Депе соработувала со аеродромот во Хановер па тој добро ги познавал некои од присутните луѓе.
„Ми кажаа: Сам Господ те прати! Овде падна авион, можеш ли да возиш до таму?“, се присеќа ловџијата Карл-Хајнц.
„Не можеа да возат до таму со своите тешки автомобили по зимскиот пат во шумата зошто беше многу калливо. Затоа морав сам да тргнам во потрага со мојата Лада Нива“.
Кога стигнал на лице место, погледнал во кабината на авионот, на никој не можел веќе да му помогне. Кабината на авионот била практично цела закопана вземја.
Ловецот го довлечкал Ули Хенес некако до автомобилот, го ставил смирениот менаџер на Баерн Минхен на седиште и кога тргнал да го носи во болница, не можел да ја запали Ладата поради празен акумулатор.
Тогаш ја извадил лисицата од багажникот, го фрлил животното а ќебето му го дал на тешко повредениот но преживеан Ули кој имал страшна хипотермија, зошто по несреќата поминал час и половина сам на отворено поле под отворено небо.
Ловџијата Карл-Хајнц го оставил Хенес во кола, го зел кучето, пиштолот и тргнал низ шумата да бара помош. Набрзо спасувачите стигнале до автомобилот, па Ули бил пренесен до локалната болница.
Неверојатно, но вистинито, ловџијата не бил нималку заинтересиран за фудбал, па кога му кажале дека го спасил Ули Хенес лично, Карл-Хајнц прашал: „Кој е Ули Хенес“?
УЛИ ГИ ПОКАНИЛ СИТЕ СПАСУВАЧИ ВО МИНХЕН ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ, ЛОВЕЦОТ И ПОДАРИЛ НА ЖЕНА МУ КРЗНО ОД ИСТАТА ЛИСИЦА
Познатиот Хенес имал неколку скршеници, потрес на мозок, контузија на белите дробови и хипотермија. Просто неверојатно е како останал жив толку долго време. Имал и психолошки последици. Сепак блиски пријатели му загинале во оваа авионска несреќа.
„Тоа беше многу тажен настан, три лица загинаа. Ноќта ги видов нивните трупови, многу се потресов. Оттогаш со авион летав само еднаш, на големо жалење на мојата сопруга“, раскажал ловцијата пред новинарите.
Во исто време се играл фудбалскиот меч на кој тргнале. Брајтнер и Карл-Хајнц Румениге веднаш биле информирани за авионската несреќа и по судиската свирка за крај веднаш истрчале да го видат прво Ули кој бил во тешка состојба.
Прво нешто што ги прашал откако се разбудил било: „Како заврши“? Ако ништо друо, барем Германија со 3:1 ја совладала Португалија.
Менаџерот, алфа и омега на Баерн Минхен брзо се опоравил од повредите и се вратил на работа, но сега го слави секој 17 февруари како свој втор роденден. И секогаш во авион седи од десна страна во последен ред.
Ули Хенес ги повикал сите спасувачи, лекари и пожарникари да го посетат во Минхен за да посебно им се заблагодари. На вечерата за благодарност, ловџијата Деп не дошол со празни раце: по катастрофата тој отишол на истото место да си ја земе лисицата. Направил прекрасно крзно од нејзината кожа и и ја подарил на сопругата на Хенес, Сузи Хенес.
„Да не ја следев оваа лисица цел ден, немаше да бидам на вистинско место во вистинско време. Без мене Ули Хенес ќе смрзнеше до смрт на таа ливада. Така што оваа лисица му го спаси животот“.