Патеката која од 50 беше скратена на 30 километри, Ставре Јада ја мина со време 1:25:41.8 час, односно 14 минути побавно од победникот Александар Бољшунов од Русија.
Крушевчанецот беше подобар од тројца натпреварувачи, претставници на Хрватска, Бразил и Грција.
Второто место го освои уште еден Русин, а тоа е Иван Јакимушкин, кој заостана 5,5 секунди зад лидерот, а трет беше Норвежанецот Симен Кругер со заостанување од 7 секунди.
Трката требаше да биде во должина од 50 километри, но поради ниската температура и силниот ветер, Меѓународната скијачка федерација пред стартот реши да ја скрати.
На првиот настап на ЗОИ во Пекинг, на спринтот на 1,5 километри, македонскиот нордиски скијач заврши на 86-та позиција од 88 натпреварувачи.