Offside

Едниот е број 1 на АТП, другиот број 2. Очигледно, тоа е дуелот што ја карактеризира сегашната ера на тенисот и кој ќе биде актуелен во следната деценија, со исклучок на изненадувањата.

Врвно видео со Коби од пикот на кариерата

Задоволството трае за жал 58 секунди, а правено е со атрактивни потези на Брајант под кош од настапи за САД во 2007-ма година. Многу доминантен.

Одлепување на босанскиот коментатор, втор дел

„Кога ќе видам некои пасови кои ги даваат Ибро и Хршимовиќ, ми доаѓа да се напијам вода од акумулатор“. „Ајде врати му ја топката, имам јас и други обврски“, вели не баш конвенцијалниот коментатор од БиХ, кој натпреварите во футсал ги тера по свое.

Хит песната на навивачите на Тотенхем за Дејан Кулушевски

По доаѓањето од Јувентус шведскиот репрезентативец со македонско потекло (неговите се од Охрид), веднаш ја освежи екипата и ги собра симпатиите на „Вајт Харт Лејн“.

Уште една маестрална вечер за Лука Дончиќ, овојпат ги скроти Стеф Кари и Голден Стјет

Најдобриот кошаркар на Далас одново беше јунак на вечерта, откако во големиот триумф над Голден Стејт Вориорс 122:113 постигна 41 поен со 10 скокови и 9 асистенции. Му фалеше само една асистенција за нов овосезонски трипл-дабл. Маверикс ја запишаа третата победа по ред со која го зацементираа местото кое води во плејофот, а Вориорс претрпеа трет пораз по ред.

Сомнителен пар на денот

Холандскиот фудбал ни носи една специфична фудбалска сторија која од нервози на крај завршила во љубов. Шефот за делегирање судии од сега да внимава на кои натпревари ја делегира девојкава.

Ако денот по тренингот се познава

Триесет годишниот Тристан Томпсон пред неколку дена од Индијана дојде во Чикаго Булс. Треба да биде големо засилување пред битките во плејофот. Ама ако му оди вака како на тренингов, маф му е работата.

Кандидати за нај-најубави голови на месецот во Бундес и Премиер

Претходниот месец паднаа некои прекрасни голови, па навивачите во германската и англиската лига ќе имаат слатки маки за кого да гласаат. Кој од кој поубав погодок.

Навивачите на Црвена Звезда со поддршка за Русија

Додека многу навивачки групи и дадоа поддршка на Украина, која веќе 10 дена трпи агресија и бомбашки напади од Путин, навивачите на Црвена Звезда тераат контра.

Слободен удар на вечерта

Во реваншот од полуфиналето на шпанскиот Кралски Куп, Бетис и Рајо Ваљекано одиграа 1:1, па домаќинот по триумфот 1:2 на гости обезбеди пласман во големото финале каде ги чека Валенсија. Но не беше сè лесно за Бетис. Рајо (Столе остана на клупа за резерви) поведе во 80' минута преку позајмениот играч од Манчестер Јунајтед, Бразилецот Бебе од слободен удар. ЕВРОГОЛ!

Ливерпул го освоил Купот на пенали благодарение и на невробиологија

Ливерпул и дефинитивно важи за најсовремениот клуб во Европа во моментов, барем кога станува збор за сериозен пристап кон науката.

Џејсон Вилијамс во контра не можеше никој да го предвиди

Во 2007-ма година, Мајами Хит го прогласи за еден од најдобрите 25 кошаркари во историјата на клубот, а со нив ја освои и единствената НБА титула во кариерата. Дефинитивно најкултен мангуп и магионичар со топка. Внимавајте како си поигра.

Бундеслигата веќе ја склопи топ листата на топ 10 утки на сезоната

Иако до крајот на сезоната имаат уште 10 кола, сепак Германците го искористија веќе богатиот материјал на промашувања и објавија компилација во која на врвот е Андре Силва. Стативите ги искршија од промашувања.

Кој е милијардерот кој е заинтересиран да го купи Челси од Абрамович?

Завршува ерата на Роман Абрамович во Челси. Рускиот магнат чија голема приврзаност за „сините“ ја истакнуваа многу познати фудбалери на овој куб, реши да крене сидро.

Влаховиќ прв го тешеше трагичарот на Фиорентина

И покрај тоа што домашните навивачи „го испратија во пеколот“, сепак напаѓачот на Јувентус ги проголта сите навреди и отиде да го гушне довчерашниот соиграч кој ја реши првата полуфинална пресметка со автогол во 91-ва минута.

Лудница во Нант и Валенсија, Канаринците во финале после цели 22 години

Нант е клуб кој минува низ многу тежок период од клупската историја. Исто како и Валенсија. И двата клуба едвај крпат крај со крај, но со огромна поддршка од верните навивачи сезонава стигнаа до финалето на Купот во своите земји и можност за излез во еврокуп.

Одлично извежбан слободен удар на Спортинг за дербито со Порто

Полуфиналето во португалскиот Куп донесе голема дерби пресметка која ја доби Порто со 1:2 и за која ќе има и реванш. Резултатот го отворија домаќините преку Шпанецот Пабло Сарабија кој го земаа на позајмица од ПСЖ. Едноставна, ама неочекувана комбинаторика.

Нова блескава партија на Митревски кој го спаси Порто од пораз во последните секунди

Рефлексот на битолчанецот на 36 години во Лига на шампиони е извонреден, а тоа го докажа на еден куп партии во кои се истакна како клучен играч. Браво мајсторе.

На Лајвскор не можеш да провериш резултати од руско првенство

И покрај тоа што спортот нема никаква поврзаност со војната, сепак секој ден има по некоја санкција за Русите и во оваа област. Последната е повеќе како некој вид протест, односно солидарност. Чудно малце.

Кој е појак, Путин или Марадона?

Рускиот претседател можеби е меѓу најјаките меѓу колегите, ама не може со Диего Армандо Марадона, кој го има “издриблано“ и тоа на гостински терен.

Најубави голови на бразилски мајстори низ историјата

Бразил отсекогаш важел за погодно тло за врвни фудбалски таленти. Оваа земја на фудбалот му дала и уште му дава сјајни бисери. Да видиме 50 најубави голови на 50 бразилски ѕвезди низ историјата.

Македонија има нов дијамант кој се презива Елмас

Потекнува од фудбалската школа Форца во Тафталиџе која ја води поранешната вардарова легенда, Јовче Џипунов, а сега е член на Работнички за кој дебитираше во прва лига на 16 години. Да не ви е позната приказнава?

Како да им направиш забава на навивачите на полувреме?

Кај нас на стадион на пример уште сме со концепт од 90-те. Пушти го Јонче Христовски и ќе поминат 15 минути уз семки. На хокеј во САД ќе ве најдат ако личите на некој познат.

Снажно забивање на Дончиќ за победа против Лејкерс

Кошаркарите на Маверикс му го нанесоа и третиот пораз на ЛА Лејкерс по ред, 109-104 во „Крипто Арената“ во Лос Анџелес. Езерџиите сега се на 10. место и има големи шанси да не играат во плејофот. Лука Дончиќ уфрли 25 поени а момент на мечот беше кога го разби Двајт Хауард со забивање преку него.

20 години од денот кога Бергкамп измисли нов генијален дриблинг

2 март 2002-ра, Денис добива топка од Пирес и во дуел игра еден на еден со Никос Дабизас, го изместува Гркот од колосек и го произведува дриблингот кој и ден денес се врти и зборува „А ти текнува Бергкамп еднаш што му направи на тој од Њукасл?“