Лудница во Нант и Валенсија, Канаринците во финале после цели 22 години

Нант е клуб кој минува низ многу тежок период од клупската историја. Исто како и Валенсија. И двата клуба едвај крпат крај со крај, но со огромна поддршка од верните навивачи сезонава стигнаа до финалето на Купот во своите земји и можност за излез во еврокуп.

Во полуфиналето на францускиот Куп Монако беше на одличен пат да ја прекине серијата очајни резултати. Нант успеа да направи пресврт, но гостите израмнија 2:2 преку Мајрон Боаду кој штотуку влезе на терен.

И патникот во финале на француски Куп се решаваше на пенали. Канаринците на крај победија во пенал серијата и стигнаа до еден од најголемите успеси во клупската историја.

Уште од 2001-ва година не биле во можност да се борат за трофеј. Во таа година станаа чудесни шампиони на Франција.

Затоа и незапаметена прослава на навивачите кои чекаа ваков успех повеќе од две децении. После последната судиска свирка, буквално до последениот гледач влезе од трибините на терен за да прослави со своите играчи.

Последниот пехар во Купот Нант го освои во 2000-та година кога за овој клуб играа Ландро, Жиле, Олембе, Сибиерски, Карије, Да Роча, Педрети.

Во другото полуфинале Ница славеше 2-0 против најголемото изненадување сезонава во францускиот Куп, анонимниот Версај. Големото финале е закажано за 8. мај на Стад де Франс во Париз.

ЛУДИЛО И НА МЕСТАЉА

Валенсија, некогашниот гигант во европскиот фудбал, веќе неколку години поминува низ голема финансиска и организациска криза. Навивачите одамна протестираат против претседателот на клубот, но секогаш ги бодрат фудбалерите.

А тие им вратија синоќа со историски триумф против Атлетик Билбао. „Лилјаците“ на гости во Баскија на првиот меч загубија 2-1 а синоќа после голема борба победија 1-0 и се пласираа во за нив 18. финале на Кралскиот Куп на Шпанија.

Валенсија ќе игра за 9-ти пехар во Купот. Во моментов со 8 освоени трофеи во ова натпреварување се на петто место по бројот на победнички финалиња.

Единствениот гол на мечот за пласман во финале го постигна Португалецот Гонзало Гуедеш во 43' минута со преубав шут.

Во второто финале во четврток вечер ќе играат Бетис и Рајо Ваљекано, а зелено-белите од Севиља имаат предност од првиот меч 2-1.

3 март 2022 - 08:53