
Роман Абрамович и официјално го продава Челси. Во средата вечер на клупскиот сајт се појави изјава на рускиот магнат кој од лондонскиот клуб за 19 години направи светски гигант.
„Донесов одлука да го продадам клубот зошто тоа е во интерес на клубот, неговите навивачи и вработените, исто и за спонзорите и партнерите. Треба да ги следиме надлежните процедури. Нема да барам да се гасат какви било долгови, за мене тоа никогаш не беше бизнис, ни пари, туку чиста страст кон фудбалот и овој клуб.
Освен тоа, му наложив на својот тим да создаде хуманитарен фонд на кој ќе легне сиот приход од продажбата. Фондот ќе биде создаден за сите настрадани во војната во Украина“, рекол Абрамович.
The Best 💙💙💙 @ChelseaFC pic.twitter.com/L7PGR4Y46U
— John Terry (@JohnTerry26) March 3, 2022
СЕ ОЧЕКУВА БРЗА ПРОДАЖБА
Во вторникот и средата сите англиски медиуми пишуваа за спремноста на Абрамович да го продаде Челси. The Telegraph излезе со инсајдерска вест дека има тројца потенцијални купувачи, а посредник во целата зделка треба да биде консултациската фирма Raine Group од Њујорк.
Абрамович прво сакал клубот да го предаде во целосна сопственост на хуманитарната организација на Челси, но по гласини дека постои сомнеж дека овој гест значи дека тој ќе остане во клубот, на крајот, особено по жестоките санкции врз сите руски магнати, тој и неговите советници решиле дека продажбата е неминовна.
МЕЃУ ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ Е 86-ГОДИШЕН ШВАЈЦАРСКИ МИЛИЈАРДЕР И СОПСТВЕНИК НА БЕЈЗБОЛ КЛУБОТ ДОЏЕРС
Во средата се објави и името на еден од можните нови газди на Челси - швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис.
Вис за швајцарски Blink рекол: „Јас и уште тројца други добивме понуда за купување на Челси. Јас би можел да се замислам во Челси заедно со партнерите. Сигурно нема да го купувам сам“.
Швајцарецот би сакал да биде дел од конзорциум од шест или седум инвеститори. Хансјорг Вис има 86 години а неговото богатство е проценето на 4,6 милијарди фунти. Роден е во Берн но одамна живее во САД.
Богатството го стекнал по основање на фирмата за производство на медицинска опрема Synthes USA. Хансјорг многу инвестира во екологија, наука и политички проекти за либерално општество.
„Морам да почекам 4-5 дена. Сега Абрамович бара навистина многу. Челси му должи два милијарди фунти иако пари самиот клуб нема. Тоа значи дека тој што ќе го купи Челси ќе треба да му плати компензација на Абрамович“, рекол Вис иако Русинот во изјавата за продажба потенцираше дека нема да бара да се врати 19-годишниот долг кон него.
Друг кандидат за Челси е Американецот Тод Боели, пишува The New York Times. Тој е инвеститор сопственик на бејзбол гигантот Лос Анџелес Доџерс. Во 2019-та година Боели пробал да го купи Челси и бил спремен да вложи 2,25 милијарди фунти но Абрамович го одбил.
The Telegraph пишува дека Швајцарецот Вис и Американецот Боели би се обединиле да пратат заедничка понуда за Челси.
„Фудбалот е најпознат спорт на светот, страста на навивачите кон оваа игра и кон клубовите со ништо не може да се спореди. Затоа што под а: победувате, под б: дел сте од некоја заедница“, рекол еднаш Боели.
Меѓу кандидатите е и Џим Ратклиф, официјално најбогатиот Британец на светот. Тој порано се распрашувал за Челси но и за Манчестер Јунајтед чиј навивач е самиот. Неговата фирма Ineos владее со француска Ница.
Уште едно име кое помалку се споменува е младиот 33-годишен Египќанец Лутфи Мансур, генерален директор на компанијата Man Capital, инвестициска компанија од холдингот Mansour Group. Со бизнис се занимавал уште неговиот дедо а младиот Мансур имал и сезонска карта за натпреварите на „Стемфорд Бриџ“.
КОЛКУ ЌЕ ТЕЖИ ЧЕЛСИ?
Goal.com пишува за вредност од 2,6 милијарди фунти, тоа е многу повеќе од она што самиот Абрамович го дал во 2003-та кога го купи Челси (140 милиони фунти).
The Telegraph шпекулира дека Абрамович наводно бара 4 милијарди фунти но упатени извори во процесот велат дека се работи за сума во реон од 2 милијарди фунти.
Инаку Челси во 2018-та требаше да почне изградба на нов стадион затоа што „Стемфорд Бриџ“ со капацитет од 41.800 гледачи сериозно заостанува зад другите премиерлигашки гиганти, така што сака да има прилив на средства и од повеќе продадени карти.
АБРАМОВИЧ НАВОДНО ЌЕ ГО ПРОДАВА ИМОТОТ ВО ЛОНДОН
„Роман е еден од најблиските советници и пријатели на Путин. Тој сега е во паника како и останатите олигарси. Сега се обидува да ги продаде сите свои вили во Англија и побрзо да се избави од Челси“, рекол меѓудругото швајцарскиот милијардер Вис во интервју за Blink.