
Науката му помогнала на Ливерпул да слави во прво домашно финале после една деценија. Црвените го совладаа Челси во финалето на англискиот Лига Куп на пенали: 11-10.
Сите 10 пенали беа успешно реализирани додека не им дојде ред на голманите, па така Кепа Аризабалага од Челси промаши цел гол за шампионска прослава и огромна радост на Ливерпул.
КАКО ИМ ПОМОГНАЛА НАУКАТА?
Невробиологија е главна дејност на компанијата neuro11, базирана во Германија. Од минатото лето соработува со Ливерпул.
„Ние работевме со neuro11, не сум сигурен дека знаете за тоа. Секој играч помина неопходни психолошки тренинзи за да исполни одредени стандарди на корнери, слободни удари и пенали“, раскажал Јирген Клоп по бескрајно долгата серија со Челси на пенали (11-10).
Експерти од областа на неврофизиологија, психологија и спортска наука му даваат на Јирген Клоп список од играчи на кои е најдобро да им довери изведување пенали во најодговорните и најнеизвесни моменти.
Посебно близу стручните лица од neuro11 работат со оние кои често изведуваат пенали или слободни удари, но работат и со останатите.
„Сите играчи беа многу возбудени поради ова. Се работи за тоа одредени играчи да се доведат до правилен начин на размислување при изведување прекини. Сè се мери, тие се невробиолози, а ова е неверојатно интересно и важно за нас“, додал Клоп на прес-конференција после големата прослава на освоениот Лига Куп.