Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Браво за гестот на Бензема, тоа е тој пример

Заситен од еден куп голови и разни трофеи, Карим Бензема воопшто не демонстрираше некаква лакомост за гол, како некои други. При водство на Ал Итихад од 0:1 на негов погодок, можеше да оди и на втор, ама џентлменски му ја даде топката на Хамдалах да го изведе пеналот, истиот играч кој потоа направи ножички. Потег за пример и почит.

Деби гол и на Бензема, ама сите зборуваат за мајсторијата на неговиот соиграч

По Александар Митровиќ и Карим Бензема ја начна мрежата во домашното првенство во Саудиска Арабија. Ал Итихад исто како и Ал Хилал славеше 0:4 на гости. Францускиот напаѓач го отвори резултатот, а публиката ја воодушеви Абдеразак Хамдалах со фантастична реакција во шеснаесетник.

Јокиќ уживаше на концерт на Цеца во Сомбор

Во друштво на својата сопруга Наталија и еден од неговите браќа, Никола Јокиќ синоќа бил гостин на концерт на Цеца во еден локал во родниот Сомбор. Тој цела вечер пеел качен на столица. Пред неколку недели Јокиќ откажа учество на Светско првенство за репрезентацијата на Србија.

Како телохранител го чува Меси во Мајами?

Ако некој планира да го закача Меси во САД, ќе си има проблеми со Јасин Чуеко, поранешен војник, експерт за боречки вештини, како бокс и теквондо. Го следи во секој чекор, пред автобус, до стадион, соблекувална, па дури и на терен го има ко линиски судија. Му го обезбедил Дејвид Бекам. Мува не смее да прелета над Меси.

Почна да работи машината Митрогол во Саудиска Арабија

Рекордерот со 43 гола на 44 средби во Чемпионшип за Фулам и едно од најновите засилувања кај Арапите, го бележи својот деби гол за Ал Хилал кој славеше 0:4 против Ал Раед. Српскиот репрезентативец стрелаше во свој стил.

Бојан Миовски е хит во Шкотска, Абердин на праг од Лига Европа

Македонскиот репрезентативен центарфор продолжи да блеска во дресот на шкотски Абердин. На мечот од плејоф за пласман во силната Лига Европа, Миовски постигна гол и имаше асистенција за 2-2 со Хакен во Шведска.

Миодраг Мицковиќ: Кој му дозволи на Самсоненко да го купи помошното игралиште? Тоа е на Вардар, и Градски стадион е на Вардар

„Првите канцеларии на Вардар се во Офицерски дом. Значи гледате ли какво место имал Вардар? Во најрепрезентативната зграда во Скопје, Вардар имаше свои простории“.

Цел ден ако треба да чекаш бољи пар

Порано вечни изгледаа натпреварите 3х3 баскет или 2х2 сервис на кои се чекаше да завршат па да влезе пар од надвор да игра со победникот. Во случајов вреди чекање цело попладне.

4.000 сезонски карти за Вардар и исчекување на 10 милиони денари од Град Скопје

Вардарци ја продолжуваат тешката битка со нови имиња, многу ветувања, малку исполнувања и премал одзив за исполнување на Градски со по илјадарче од човек.

Маратонско запросување на сезоната

Словакот Доминик Черни само што ја завршил трката на 35 км во брзо одење, дошол на финишот каде ја сочекал неговата девојка Хана Буржалова. Со прстен.

Нема нема, ама на крај испадна скоро 60 НБА играчи ќе играат на Светско

Во пресрет на најголемиот настан летово заедно со Светското атлетско првенство, ќе се одржи и Светско првенство во кошарка. Ќе се игра во три земји: Кина, Индонезија и Филипини. И покрај бројни отсуства на големи суперѕвезди, НБА лигата ќе има дури 60 претставници на Мундијалот.

Интересен преседан на Светското во атлетика, две спортистки си поделија злато

Австралијката Нина Кенеди (26) и Американката Кејти Мун (32) решиле да го поделат златниот медал по натпреварите во скок со стап. Обете скокнаа 4,90 метри во вториот обид откако и во првиот имале ист резултат со 4,95 што било доволно за златен медал. Долу на теренот се договориле да го поделат медалот и првото место.

Добро голман, јас ли од трибина да ти викам пази леѓа?

На еден од последните натпревари на Ал Наср, навивач зад гол, го одра грлото по голманот. Целта беше да го разбуди да не прими гол.

Ѓоковиќ во Њујорк ги имитираше Шарапова, Мекинро, Кирјос и Иванишевиќ

Тазе шампионот од Синсинати, стаса во Њујорк каде на 28 август стартува УС Опен. Од секогаш го бивало за имитирање. Обрнете внимание колку јако го кине нервозниот Ник Кирјос. Цар.

Меси го утеши и синот на ривалскиот капитен

Аргентинецот живее бајка откако се пресели во Мајами со семејството. Навивачите го сакаат и почитуваат каде и да стигне, а еднакво толку респект имаат и фудбалерите на теренот. Ривалите едвај чекаат да се сликаат со него, како синоќа на мечот меѓу Синсинати и Мајами кој гостите го добија на пенали. Меси го тешеше синот на ривалскиот играч Лучано Акоста, Тино Акоста. Претходно Лучано го постигна првиот гол на мечот кој заврши 3:3.

Врвен гол на Икарди на прва

Фредрик Мидсјо го реши Молде на гости во 94-та минута за победа на Галатасарај од 2:3. Турскиот состав ќе патува со предност на реваншот дома, а ако нешто треба да се издвои од спортската среда со ЛШ, тоа дефинитивно е велемајсторијата на Мауро Икарди кој сезонава има 4 гола н 5 средби.

Словенец од Панатинаикос се посрамоти на празен гол

Синоќа се одиграа првите три плејоф натпревари во Лига на шампиони. Брага го совлада Панатинаикос со 2:1, а гостите нека го рипнат делот од хајлајтсот во 62-ра минута, кога Андраж Шпорар имаше шанса. Ја гушна стативата од мака.

Ново шоу на Меси и другарите со гол во 97-ма минута па пенали

Осми меч, осма победа по ред на Интер Мајами под водство на Лео Меси, кој повторно имаше блескав настап, овој пат со две клучни асистенции вредни продолженија.

Англиско навивачко глупирање

Железната лејди Тачер ги среди со закони, ама на Островот ете остана старото добро правило „остани на свое место“. По некоја незадолжителна тупаница без кроволочен порив за убивање со студено оружје. Сè да остане во граници на машка глупавост.

„Не знаете која сум јас“ - осаменоста на најбрзата жена во светот

За новата светска шампионка на 100 метри, Шакари Ричардсон се крие приказна составена од напуштања, обиди за самоубиство, кавги, долги нокти, срушени рекорди, малку радост и ракувања.

Формација од 11 најскапо платени играчи летово

Летово мегаломански трошеа Саудијците, но трошеа и газдите на англиските премиерлигаши кои даваа милиони и милиони фунти за нови засилувања. Во составот од 11 најскапо платени играчи летово, дури 6 се од Премиер лига.

Пољаците купиле повеќе карти од Македонците за ЕП кое се игра во Скопје

Македонската одбојкарска федерација мака мачи со продажбата на карти и тоа за Европско првенство кое за прв пат се игра во Македонија.

Најсовршените временски услови за фудбал

Пак да се буните за Кратово и останатите терени во Македонија со кал, вода, крави и слично. А Кинезите во трета лига што да кажат? А најјакото е што судијата не ја ни прекинува. Изгледа чека да почнат да ги вадат играчите од терен со чамци.