Ново шоу на Меси и другарите со гол во 97-ма минута па пенали

Осми меч, осма победа по ред на Интер Мајами под водство на Лео Меси, кој повторно имаше блескав настап, овој пат со две клучни асистенции вредни продолженија.

По освојувањето на Лига Купот, Интер Мајами е во битка за втор трофеј сезонава и општо во историјата на клубот откако ноќеска во полуфиналето од САД Опен Купот го елиминираше Синсинати на гости.

Натпреварот донесе 120 минутна драма која кулминираше на пенали. Домаќините по 53 минути игра имаа предност од 2:0, ама потоа на сцена стапи Меси кои му даде две локум топки на Леонардо Кампана за 2:2. Прво во 68-ма, а потоа во 97-ма минута.

Во судиското продолжение Мајами направи целосен пресврт, но во 114-та минута Синсинати израмни на 3:3. Меси и другарите ги погодија сите пенали, а во петтата серија кај домаќините промаши Хаглунд.

Во финалето на САД Опен Купот, Интер на домашен терен на 27 септември го пречекува Хјустон Динамо кој во полуфиналето го совлада Реал Солт Лејк со 3:1.

На првите 8 меча за Мајами, Меси има скор од 10 гола и 3 асистенции.

 
24 август 2023 - 08:28