Маратонско запросување на сезоната

Словакот Доминик Черни само што ја завршил трката на 35 км во брзо одење, дошол на финишот каде ја сочекал неговата девојка Хана Буржалова. Со прстен.

 

На трката во брзо одење на 35 км Шпанецот Алваро Мартин одново освои златен медал по златото кое го освои на самото отворање на Светското првенство кога заврши прв на трката од 20 км првиот ден. Мартин денес стигнал до златен медал со време од 2:24:30. Втор завршил Брајан Даниел Пинтадо со 2:24:34, а трет Масатора Кавано со 2:25:12. 

Интересно, Шпанија имаше двоен медалист и во женска конкуренција во брзо одење. Марија Перез славеше на трката од 35 км со време 2:38:40, дури повеќе од две минути од второпласираната Перуанка Кимберли Гарсија која што ја бранеше титулата светски првак освоена во Орегон лани. Како и сонародникот Алваро Мартин, и Марија Перез славеше и на 20 км и на 35. Шпанија е прва со „дабл-дабл“ победи во машка и женска конкуренција на еден Мундијал во оваа дисциплина. Трето место кај жените освои Антигони Дрисмпиоти од Грција со 2:43:22.

**************************************************

Интересен преседан на Светското во атлетика, две спортистки си поделија злато

24 август 2023 - 12:11