Ова е прва поделба на златен медал на Светски првенства, иако исто нешто имало на Олимписки Игри во Токио кога златото во скок во височина го поделија Мутаз Баршим и Џанмарко Тамбери. Италијанецот и сега во Будимпешта го освои златниот медал и го обедини со златото освоено во Токио.
(Катарецот Баршим тогаш беше актуелен светски шампион и ги праша официјалните лица дали може да го подели златниот медал со Италијанецот Тамбери кој претходно ниогаш не освои златен медал а сега има и олимписко злато и светско злато од Будимпешта)
Американката Кејти Мун беше шампионка од претходното светско првенство, има и олимписко злато, а Нина Кенеди стигна до првото злато во кариерата со остварен притоа национален рекорд.
„Долго бевме таму, се бодревме една со друга до асполутни граници. Кејти е светска шампионка, таа е и олимписка шампионка, навистина не очекував дека ќе сака да го подели златото и мислев дека ќе продолжиме да скокаме“, рекла пресреќната Кенеди.
Ја погледнав некако и ја прашав: 'Сакаш ли да го поделиме ова?' И можевте да видите на нејзиното лице олеснување но и на моето исто. Неверојатно е да се подели злато со Кејти Мун. Долго време сме пријателки“, рекла Кенеди.
Третото место и бронзениот медал и припаднал на Вилма Мурто од Финска со скок од 4.8- метри.
Светскиот рекорд во скок во вис и натаму го држи легендарната Русинка Јелена Исинбаева со скок од 5,06 метри пред 14 години. Таа периодов минува низ осуди од руската јавност поради интервју за шпански магазин во кое наводно рекла дека „наградите кои ги добила како член на армијскиот клуб ЦСКА Москва и останатие државни почести се само номинални“ и со тоа „сакала да се огради од натписите во западните медиуми дека таа го поддржува рускиот режим во време на воениот конфликт со Украина“.