Светското првенство започнува утре, во петок 25-ти август од 10 часот по Средноевропско време и ќе трае до 10-ти септември за кога е закажано големото финале.
Ќе настапат 32 селекции од 4 конфедерации а кошарка ќе се игра во 5 града домаќини во три земји.
По Соединетите Американски Држави кои се воедно и главен фаворит за златен медал иако со подмладен состав и со врвни стратези на клупата, нации со најмногу НБА играчи на Мундијалот ќе бидат уште и Австралија (9) и Канада (7).
Интересно најзастапени се кошаркари од Минесота Тимбервулвс, од Орландо Меџик, Јута и Оклахома Сити Тандер со по 5 играчи.
Мундијалот ќе го пропуштат најголемите НБА ѕвезди меѓу кои Никола Јокиќ (Србија), Џанис Антетокумбо (Грција), Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Стеф Кари, Џејмс Харден, Девон Букер, Ентони Дејвис, Кајри Ирвинг (САД), Горан Драгиќ (Словенија), Криштап Порзингис (Латвија), Домантас Сабонис (Литванија), Бен Симонс (Австралија), Џамал Мари (Канада), Руи Хачимура (Јапонија).
Everyone knows my passion and love for my National Team has and never will change. Since the conclusion of my NBA season I have been pushing my body to the limits to be the player I need to be to help our team achieve the goals we set.
— Giannis Antetokounmpo (@Giannis_An34) August 11, 2023
But after months of work and multiple… pic.twitter.com/1uhTlfNZVE
Кошаркари од НБА тимовите кои ќе играат на Светско може да ги видите на следниов линк.