Заситен од еден куп голови и разни трофеи, Карим Бензема воопшто не демонстрираше некаква лакомост за гол, како некои други. При водство на Ал Итихад од 0:1 на негов погодок, можеше да оди и на втор, ама џентлменски му ја даде топката на Хамдалах да го изведе пеналот, истиот играч кој потоа направи ножички. Потег за пример и почит.