Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Пеп знае да те насмее и кога примаш гол

Во дербито на 29. коло од англиската Премиер лига Манчестер Сити со 4-1 го разби Ливерпул. Црвените први поведоа преку Салах, но актуелниот првак направи целосен пресврт со головите на Алварез, Де Брујне, Гундоан и Грилиш. При израмнувачкиот гол Пеп Гвардиола скокаше од радост пред Цимикас и Артур кои се загреваа, па ги насмеа.

Смешен голмански кикс на дербито Баерн - Борусија Д.

Под водство на новиот тренер, врвниот стратег Томас Тухел, Баерн Минхен конечно заигра како треба сезонава. Во дербито со најголемиот ривал за титулата и досегашен лидер на табелата Борусија Дортмунд, Баварците водеа 3-0 после само 23 минути игра, а веќе после 72' минута беше 4-1. Голеадата ја отвори гостинскиот голман Грегор Кобел со чуден кикс. Кобел инаку брани одлично цела сезона но денес киксираше.

Жељко Обрадовиќ доби македонски дрес па имаше духовит коментар

Белградски Партизан го победи Реал Мадрид со 104:90 и пред повеќе од 20.000 гледачи го потврди пласманот во Топ8 од Евролига. После мечот македонски новинар му подари на најтрофејниот европски тренер дрес од Македонија со негово презиме, на што Обрадовиќ се пошегува со бојата која алудира на неговиот најголем ривал Црвена звезда.

Две години од светското чудо во Дуизбург кога ја урнавме Германија

Македонската фудбалска репрезентација на 31 март 2021-та година, среде Дуизбург го совлада повеќекратниот европски и светски шампион Германија и ја шокираше светската јавност.

Добро де дечки, само за жена ја побарав

Лос Анџелес Доџерс, еден од најтофените клубови во најдобрата бејзбол лига, МЛБ во САД пред своите гледачи ја совлада Аризона Дајмондбекс со 8-2. Во еден момент од мечот, на паузата, навивач на ЛА Доџерс се шмугнал на терен и со прстен во рака клекнува да ја побара својата девојка за жена. Ама не побарал дозвола од клубот па го удри торнадо.

Две жестоки хокеарски тепачки во НХЛ

Нова голема тепачка избила на мечот меѓу Сенатор и Филаделфија во американската НХЛ хокеарска лига. Прво во клинч влегле Алекс Бедринкет и Џоел Фараби (првиот после дал победнички гол во продолженија), а после се фатиле Николас Делорие и Марк Кастелиќ. Судиите, како што е редот и правилникот во НХЛ, ги оставиле да се тепаат до одредени граници.

Една чудна одбрана на ракометен пенал

Шпанскиот клуб Гранољерс игра одлична сезона и е втор зад Барселона во шпанската лига, а добро им оди и во европската лига на ЕХФ каде го совладаа дански Скандерборг во Архус 25:30. На овој меч голманот на шпанскиот состав, Бразилецот Ранхел имаше неверојатна одбрана на пенал кога топката ја скроти „жива“.

Од играње на замрзнато вештачко езеро Скопје стигнал до домаќин на Светско во хокеј

Скопје стана најјужниот домаќин на едно СП во хокеј на мраз. Сето тоа беше мало чудо, оти за 10 години се стигна од играње на замрзнато вештачко езеро и по езерца во паркот во Скопје, до организација на СП. Го следеле 70 новинари.

Девојките од Љуботен кои со четири Бразилки играат во ЛШ

22 дами, четири Бразилки, една Србинка, актуелни шампиони на Македонија, учесници во Лига на шампиони. ЖФК Љуботен е меѓу 12-те македонски екипи во прва лига кои со дух, слога и хемија стигнуваат до успеси.

Се носат нови строги правила, нема веќе голмански глупирања на гол

Дојде ред и на голманите. После долго време и тие директно ќе бидат инволвирани со новите правила кои наскоро ќе бидат воведени во фудбалскиот свет. При пенали веќе нема да имаат слобода како досега со глупирање психолошки да ги иритираат изведувачите.

Првоаприлската шега на Сити Парк Бојс се наоѓа пред општина Центар

Раководствата се менуваат и само ветувањата остануваат за КК Работнички дека ќе добие нова сала. На навивачите им е преку дур и им оставија штосна и иронична порака во пресрет на утрешниот дуел против Чаир.

Кој голман најмногу ја вадел топката од мрежа по голови на Меси?

Аргентинскиот ас, капитен кој ги предводеше гаучосите до толку сонувата светска титула, на пријателскиот меч против Панама на 23-ти март постигна прекрасен гол од слободен удар во 89’ минута за победа од 2-0. После тоа Лионел даде хет-трик за полувреме против слабиот Курасао и стигна до бројката од 803 гола во кариера!

Да ти е ќејф да ги видиш најубавите голови од Премиер лига

Премиер важи за најгледана, најбогата и најлуксузна лига на светот. По репрезентативната пауза, конечно се враќа клупскиот фудбал, па така ќе се гледаат и дуели во англиската елита каде сезонава паднаа неколку убавини од голови.

Белгиски фудбалер леташе во сала со 200км на час и остана жив

Поранешниот фудбалер на Киево и Лацио, Софијан Кијен кој моментално игра во Белгија, на вчерашниот датум треба да почне да направи слава.

Кога не си умен ќе јадеш ќотек од Столе

На Твитер се појави ново видео од инцидентот на дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Капитенот до толку се налути за време на навивачката пресметка во која летаа на сите страни сè и сешто, што собори еден од Комитите на земја.

Страшен пад на скокалницата Планица

Осумнаесет годишниот словенечки репрезентативец во скијачки скокови, Тај Екарт тешко паднал при тестирање на легендарната словенечка скокалница пред самата завршница на Светскиот Куп кој се одржува викендов.

Шефе, служба е служба, ама Меси е Меси

Аргентина веќе неколку месеци живее во транс по освоеното Светско првенство 2022 во Катар. Светските шампиони каде и да стапнат во својата земја се возвишувани како идоли, а тоа особено важи за Меси кој нема дерман од навивачи каде и да тргне.

Во Неапол почна да мириса на Скудето

Наполитанците не се плашат повеќе да го изговорат зборот „титула“. Фрлете око на градот за да сфатите зошто.

Украинска тенисерка се чуствувала дискриминирано зошто руските тенисери не биле исфрлени

И покрај тоа што атлетите од другите спортови веќе ретко се огласуваат на темата, во тенисот, кој е познат како „бел спорт“ односно синоним на чистина, хистеричниот однос на одредени тенисери и тенисерки и натаму трае.

Од кај ли го извади забивањево?

Предводени од Јанис Антетокумбо, Милвоки Бакс петта година во низа го освојуваат првото место во Централната дивизија во НБА. Го имаат најдобриот биланс сезонава со 54 победи и 21 пораз, а синоќа извадија и страшен забивач, а тоа е Грејсон Ален. Погледнете го овој импресивен и храбар скок со голема пожртвуваност.

Французите ги објавија најплатените играчи и тренери во лигата

Првите 10 места се резервирани за ПСЖ. Мбапе на 24 години се буди секој ден со нови 214.285 евра. Игор Тудор е втор најплатен тренер.