Се сеќавате ли на ФК Слободен, уникатната приказна со уникатно име создадена преку познанства од скопските маала?
Постои веќе една година и се развива со новитети кои веројатно нема да ги сретнете во ниту една друга лига и во ниту еден друг спорт.
Претседателот на ФК Слободен коментира натпревар на англиски јазик. Врв. И тоа со примеси на македонски и српски. Не се зезаме, ќе ви го докажеме тоа со видео.
Се работи за гостувањето против Зелениково во 2. коло од четвртата лига, каде Слободен го торпедира домаќинот со 1:5.
Коментаторот (претседателот) е најјак. Почнува на англиски, му дофрла на судијата на македонски, урла на головите како ултрас и води грижа дали има мраз за повредените.
Се гледа и слуша цел видео, од почеток до крај. Има и два евроголови за најавни шпици, едниот од корнер, другиот од слободен удар.