Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

НБА со нов циркус - турнир среде сезона

Откако долго време се шпекулираше, конечно стигна потврда. НБА ќе ја реализира идејата со која сака да ја зголеми популарноста на лигата.

Егзибиција на Вимблдон која ретко се гледа меѓу жени

Светскиот рекет број 2 и шампионка на Австралија опен, Арина Сабаленка, беше убедлива во првото коло против Пана Удварди од Унгарија со 6:3, 6:1. Во еден момент направи и атрактивен потег, кој обично може да се види во машка конкуренција.

Како и зошто Арапите вршат силна фудбалска офанзива?

Кристијано Роналдо беше само почеток. Од Саудиска Арабија секој ден има по некоја монструозна понуда на која ретко кој успева да оделее. Немаат намера да застанат, барем во наредните пет години.

Прекин на сред меч на Вимблдон, па апсења

Во средата напладне, за време на мечот меѓу Бугаринот Григор Димитров и Шо Шимабукуру, демонстранти од групата Just Stop Oil кои се залагаат за зелена животна средина и се борат против употреба на фосилни горива, упаднаа на теренот, фрлија портокалови конфети и делови од сложувалка. Реагираа редарите а набрзо и полицијата.

Најпознатите светски фудбалски прослави на гол

Голот е кулминација за секој фудбалски навивач а стрелецот на истиот понекогаш го прославува на необичен начин кој се памети со години.

Компилација од прекрасни лоб голови во шпанска Ла Лига

Шпанската фудбалска лига поседува голем број вешти мајстори со топка. Ако во Премиер лига и во Серија А се игра поснажен и тактички понапорен фудбал, во Ла Лига најмногу се игра „фудбал за око“.

Судиски грабеж на годината

Во чилеанскиот фудбал изгледа им застанал саатот и не се во тек со нешто што се вика „Гол технологија“. На четврфиналето од Купот меѓу Коло Коло и Унион Ла Калера, гостите постигнаа регуларен гол кој не им го признаа откако топката пола метро влезе во гол, а во следната акција домаќините поведоа.

Тело со тело се судривте, што се држиш за лице?

Шпанија ја декласираше Украина со 5:1 и обезбеди финале против Англија на Европското за играчи до 21 година. И меѓу младите се кријат манипулатори, како што е на пример Алекс Баена од Виљареал. Цвикаше на земја без никаква потреба.

За романтичниот и посебен однос на Ѓоковиќ со теренот на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ја мина и втората рунда на Вимблдон откако го елиминираше Австралиецот Џордан Томпсон со 3:0 (6:3, 7:6 и 7:5). За него ова е 41-ва победа во низа на централниот стадион во Ол Ингланд клубот, а непобедливоста од 10 години на овој терен ја објасни на интересен начин.

Тајна камера го снимила разговорот за кој Начевски е суспендиран од ЕХФ

Данската телевизија ТВ 2 објави видео со делегатот на ЕХФ, Драган Начевски кој добива непристојна понуда и ја одбива на лице место. И покрај тоа, тој е суспендиран од месец мај.

Најскапите засилувања во историјата на Јунајтед

Рио Фердинанд конечно ги разјасни сите недоумици околу тешката продажба на Манчестер Јунајтед и раскажа дека од семејството Глејзери во чија сопственост е клубот, удел во клубот имаат дури шест членови па затоа толку се растегнала продажбата која навивачите со нетрпение ја чекаат. Во меѓувреме клубот го купи Мејсон Маунт од Челси за неверојатни 64 милиони евра со што англискиот репрезентативец стигна на листата најскапо платени фудбалери на „Олд Трафорд“.

Миленковски: Вардар е клуб на народот и симбол на Македонија, целиме на 500.000 евра од сезонски карти

По стартот на акцијата за продажба на сезонски карти, Комити заедно со тројца фудбалери на Вардар одржаа прес конференција за да ја запознаат јавноста со состојбата на клубот и плановите за иднина.

Како Андре Агаси му ги читал сервисите на Борис Бекер

Култните американско германски тениски битки од 90-те ги раскажува 8 кратниот освојувач на Гренд слем турнирите, Андре Агаси кој открива многу интересен и невообичаен детал од играта кај противникот. Тој знаел каде ќе сервира Бекер според движењата со јазикот. Кога на пиво муабет му го кажал откритието, Бекер ќе паднел од стол.

Обрадовиќ за деконцентрацијата на играчите со телефоните

Веројатно значи нешто ова кога го кажува човек со 64 клупски трофеи од кои рекордни 9 титули во Евролигата, освоени со пет екипи.

Македонците дел од кремот во Саудиска Арабија - Алиоски со Фирмино и Менди, Велковски со Џерард и Кутињо

Саудиска Арабија станува епицентар на светскиот фудбалски крем. Откако таму заминаа Кристијано Роналдо и Карим Бензема, секојдневно стигнуваат вести за нови астрономски милионски договори. Саудијците не жалат милиони за да ги примамат познатите светски ѕвезди. Меѓу нив ќе бидат и двајца наши стандардни репрезентативци.

Улично однесување во Аргентина казнето со црвен

21 годишниот Аксел Леонел Овејеро, на третолигашки меч во Аргентина ја направи ептен сељачката. 11 минути откако влегол во второ полувреме, се тргнал на страна и се измочал на тревата. Судијата му дал црвен, а коментаторите не можеа да се доначудат.

Купи сезонска карта за Вардар за илјадарче

Навивачката група Комити како нови газди на ФК Вардар кои целосно го преземаа клубот, ја стартуваат првата акција пред стартот на сезона. Нудат сезонски билети од 1.000 денари за сите домашни натпревари. Парите ќе одат во касата за функционирање на клубот.

1 минутна уметност со Зинедин Зидан

Уживајте во еден од најјаките индивидуални изданија на маестрото од среден ред кој го играше фудбалот на поинаков начин од сите други. Снимката е од полуфиналето на ЕП 2000 меѓу Франција и Португалија. Во еден од коментарите еден пишал дека Зидан денеска би вредел 350 милиони. Погледнете го ова совршенство.

Распеано аргентинско трио

Хоакин Кореа, Пауло Дибала и Лаутаро Мартинез во топ форма на бина. Повод, Кореа се жени.

Тактичките замисли на Гвардиола со кои стигна до тројна круна

На Пеп не му е непознато да прави тактички модификации на веќе успешни тимови, но пред историската сезона мораше да направи една голема промена. Да го вклучи во системот големото летно засилување, Ерлинг Халанд.

Дуел на колото

Во натпревар од фудбалска лига на Индонезија, извесен Рико Симанџунтак кој е висок 1.58 сантиметри и игра за Персија Џакарта, влегува во дуел со 1.98 сантиметри високиот стопер Јуран Фернандес од клубот Макасар.

Највисоките играчи кои играле во НБА

Со висина од фасцинантни 222 сантиметри, младиот Французин Виктор Вембанјама кој како прв пик на драфтот летово беше избран од Сан Антонио Спарс влегува во редот на највисоките кошаркари на светот. Да се потсетиме кои се?

Голот на деценијата во Норвешка го има играч на Бодо Глимт

Амахл Пелегрино, Норвежанец со потекло од Танзанија направи брилијантен потег, односно два и овде човек не може да се реши што е појако, голот или приемот на топката? Погледнете го како ја изведе оваа убавина, како да е нешто најлесно на свет.