Палестинската група Хамас во саботата изненадно го нападнала Израел од Газа и во еден од најбруталните напади во последните неколку години, убила околу петстотина лица а стотици се повредени.
Израелските медиуми пишуваат дека мета на нападот било и семејството на рекордерот по бројот на настапи за Израел (102) Јуси Бенајун чиј внук убил тројца припадници на Хамас.
Дваесетгодишниот внук на Јуси Бенајун бил со мајка му, сестрата на Јуси и семејството во Бари во областа Газа во една од нападнатите населби.

Зетот на некогашниот играч на Ливерпул, Челси и Арсенал, Шарон Шабо бил прв на линија на рафалната престрелка и бил ранет додека возел со својот велосипед. На пат до куќата на него запукале припадници на Хамас и тој бил погоден во рака.
Скокнал од велосипед и побегнал во околното поле каде чекал да го евакуираат до попладнето. За тоа време напаѓачите се обиделе и да провалат во семејната куќа каде бил и внукот Шакед, инаку војник во 51. батаљон.
Тој убил тројца од напаѓачите а додека целата престрелка траела, мајката со останатите деца се криела на покривот.
„Јуси спаси не, имаме терористи во дневната соба, те молам спаси не!, му викал внукот на славниот фудбалер, пренесува израелски Ynet.
Подоцна околу 15 часот кога врската била прекината, тројцата напаѓачи биле убиени но останатите од надвор почнале да фрлаат бомби.
Домот бил опожарен а семејството побегнало преку кровот на куќата каде ги евакуирале припадници на израелската војска кој одговориле на нападот. Дури подоцна вечерта семејството било тргнато од погоденото подрачје и префрлено во болницата Сорока.
Јуси Бенајун веќе извесно време е директор на репрезентацијата на Израел.