Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Мајсториите на Роналдињо на песок, на 43 години

Бразилецот во слободно време по крајот на кариерата ужива во животот, а најмногу во фудбалот. Особено во оној на песок, на плажа, на мрежа, каде е комплетно слободен.

Го сакаме Шегрт за нов селектор

Во саботата Таџикистан одиграл пријателски меч против репрезентацијата на Обединети Арапски Емирати на гости, на стадионот Ал Најхан во Абу Даби. Натпреварот завршил без голови, па оттука крајно симпатична е реакцијата на селекторот на Таџикистин, Хрватот Петар Шегрт.

Каков луд гол даде Јамајчанец со Мексико

Во КОНКАКАФ Лига Нации имаше многу добри натпревари изминативе денови. Јамајка на два пати водеше против силниот Мексико на гости а првиот гол кои го постигнаа гостите преку Боби Реид беше феноменален! Мексиканците израмнија 1-1, па потоа и на 2-2 како што заврши дуелот од 6. коло во Лига Нации КОНКАКАФ.

Феноменалниот Мењан ги спаси Французите во 90-та со одбрана на месецот

Голманот на Милан има само 7 настапи за репрезентација, ама со последните два се најавува како наследник на Хуго Лорис кој се повлече после Светското како рекордер на Франција со 145 меча. Против Холандија одбрани пенал во 95-та минута, а синоќа против Република Ирска се испружи ко Толдо. Ирците во гол ја видоа топката и мислеа дека имаат 1:1 во финишот.

Го видовте ли фудбалерот со најдолга коса на свет?

Кога ќе падне муабет за фудбалери со долги коси и со репчиња, прво ви паѓаат на памет Роберто Баџо, Габриел Батистута, Валдерама и други. Ретко кој чул за еден фудбалер од репрезентацијата на Ангила.

Голчиште на Павар за 3 бода на Франција во Даблин

По триумфот над Холандија од 4:0, финалистот од Мундијалот во Катар славеше и на гостувањето против Република Ирска, за сигурен старт со 6 бода во новите евроквалификации. Мечот го реши бекот на Баерн Минхен, Бенџамин Павард.

Судија свирна крај пред време, па сфати што направи

Во групата А од Серија Ц која е организирана по групи, на меч меѓу Виченца и Арѕињано, гостите победиле 2-3, а дуелот се прочул низ Италија поради кардиналната грешка на судијата Џузепе Мучера кој досудил крај пред истекот на 90 минути. Кога видел што направил, се фатил за глава.

Тепачка меѓу фудбалерите на Перу и шпанска полиција

Селекциите на Перу и Мароко имаат закажано пријателска за вечерва во Мадрид. Пред хотелот каде што се сместени имаше фанови и во еден момент полицаец кој е тука за да ги штити репрезентативците почна да бутка еден од нив по што се создаде голема мешаница. Па уште и го привеле капитенот и уште неколку играчи.

Миовски го обели образот на Македонија со Фарски Острови

По неубедливиот триумф над слабо рангираната Малта од 2-1, македонските репрезентативци вечерва во Скопје се спасија од блам и против Фарски Острови. Стрелец најдобриот македонски центарфор во моментов, Бојан Миовски со погодок во 82' минута.

Преку 90.000 навивачи на Камп Ноу скандираа за Меси

Стадионот на Барса крцаше за финалето на Кралската лига во мал фудбал во организација на Пике. На Фајнлфор турнирот играа ѕвезди како Роналдињо, Нејмар, Виља и Агуеро, а навивачите испратија важна порака до Париз.

Роналдо симулираше пенал против Луксембург и тоа на 0:4

Колку е човеков опседнат со своите голови и самиот не е свесен. Го прегазија аутсајдерот во квалификации со 0:6, а при резултат 0:4, глумеше во шаснаесетник и тоа со веќе два постигна гола. Си доби и жолт, а головите му отидоа во втор план. Сите зборуваат за резилов.

Многу е глуп

Заборавете на факелите на Чкембари и упадот на Комити на терен, иако се разбира дека сето тоа беше скроз непотребно. Пазете го сега црепов од Бразил, инаку навивач на Интернационал. Со дете в рака влета на терен да прави бељи. Оди измери му го паметот.

На кошаркарски меч во Тетово летаа боксови

Тетекс го доби Мега Баскет со 71:65 во натпревар од третата македонска лига. Кошаркарите на двете екипи „се прославија“ не со потези на терен, туку поради групна тепачка. Инцидентот почна кога гостински играч испровоцира со нога.

Жестокото дерби донесе и неколку убави гестови на Комити и Чкембари

Лошо почна најголемото македонското ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во кое за среќа немаше повредени, ама и покрај хаосот забележани се фини примери како дел од навивачкиот кодекс, кои не ги прави секој.

Нигериец кој игра за ФК Скопје за две години се гледа во гигант од рангот на Барселона, Ливерпул, Манчестер Сити

„Македонската лига е една од најдобрите лиги во светот, но луѓето не го знаат тоа. Играчите имаат многу можности овде“.

Како почнаа инцидентите на ракометното дерби?

Опасно беше синоќа од трибини да се гледа пресметката меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, бидејќи гостите гаѓаа во публика со факели. Се појави видео на кое се гледаат Чкембари кои како ураган влетуваат во својот сектор и веднаш почнуваат да дивејат. За сега нема информации за евентуални повредени.

Спектакуларно славје и атмосфера во Јане Сандански како во ЛШ

На дербито од Суперлигата во Јане Сандански немаше игла кај да се фрли, а атмосферата која ја направија Комити потсетува на големите битки кои европскиот првак ги биеше против Кил, Барселона, Кјелце, Веспрем. Црвено црните славеа 31:24, за фешта на играчите и навивачите. Го распослаа и големото знаме.

Лудачки пресврт на Казахстан против Данска и еврогол за најавните шпици на ЕП 2024

Селекцијата на Данска се соочи со шокантен пораз на гостувањето во Астана и покрај тоа што имаше водство до 73 минута од 0:2. За 16 минути Казахстан успеа да постигне три гола за победа во квалификациската група Х. За издвојување е голот на капитенот Тагиберген за израмнување, кој го торпедираше Каспер Шмајхел.

Голчиште на Сака против Украина

Ако се суди според стартот, Англичаните се најсериозни кандидати за првата позиција во квалификациската група Ц за ЕП 2024, каде што е и Македонија. По триумфот на гости против Италија, во второто коло ја совладаа дома Украина со 2:0. Кејн и Сака за 3 минути ја заверија победата. 21 годишниот член на Арсенал постигна убав гол.

Хаос во Јане Сандански, Чкембари со факели гаѓаа во публика, Комити влетаа на терен

Дербито од Суперлигата меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е во прекин во првото полувреме при резултат 13:10 за домаќините. Кога Чкембари влегоа во сала почнаа да фрлаат факели кон публиката. Комити испровоцирани влетаа на терен и почнаа да им враќаат и да ги гаѓаат со разни предмети.

Вардар – паднатиот гигант, кој не се предава

Колегите од Телма го посетија 11 кратниот првак на Македонија. Тренира во село Кадино. Им го отстапил истоимениот третолигаш. Најголемиот македонски спортски бренд дојде до тоа дереџе да нема свој дом, терен за тренинзи, стадион и да се снаоѓа за организација со помош на пријатели и Комити.

Дончиќ драстично казнет од НБА лигата, па дојде со интересна маица

Откако неговиот Далас Маверикс изгуби само 2 поени разлика од Голден Стејт Вориорс во мечот кој имаше неверојатно чудна судиска грешка, Лука Дончиќ е казнет од НБА лигата со 35.000 долари поради тоа што гестикулираше кон судиите дека се потплатени. На оваа средба судиите досудија топка за Далас, следуваше тајм-аут, а веднаш потоа им ја доделија топката на Вориорс кои непречени реализираа.

Знаете ли кога Пеп Гвардиола бил модел на модна ревија?

Ете, кој би рекол дека најдобриот тренер на денешницата, трофејниот Пеп Гвардиола едно време во средината на 1990-те години се занимавал со модни писти. Еднаш моделиерот Антонио Миро од Каталонија го викнал Пеп да учествува на една модна ревија и Гвардиола прифатил.