Аргентинецот е таков тип на играч што или ќе даде четири гола на гостински терен како минатата недела против Салернитана во Серија А, ама знае и да се изнапромаши до крајност, како на Светско 2022 и во дресот на Интер. Синоќа против Бенфика нераѕурите корнеа живци со него. Младиот 22-годишен украински голман Анатолиј Трубин му одбрани буквално сè што шутна.
По негова среќа Интер на крај победи со 1-0 со голот на Маркус Тирам во 62’ минута. Во групата Д, Реал Сосиедад и Интер имаат по 4 бода на прво и второ место, Ред Бул Салцбург има 3 на трето а Бенфика е без бодови.