Унион Берлин мораше да игра на стадионот на Херта, навивачите удрија по УЕФА

Германскиот бундеслигаш Унион Берлин игра дебитантски настап во Лига на шампиони, за првпат во клупската историја се во елитно друштво. Несреќно изгубија два меча буквално во последни секунди.

Унион Берлин дефинитивно нема среќа во првите две кола на Лига на шампиони. Прво на дебито во Мадрид, на „Сантијаго Бернабеу“ се држеа до 90+4’ минута кога Џуд Белингем им го одзеде сонот за драгоцен бод на тешко гостување, а синоќа водеа 2-0 и на крај изгубија 2-3 од Брага со гол исто примен во 90+4’ минута.

Унионците се во криза ова им е веќе шести пораз во низа во сите натпреварувања и се 11. место во Бундеслига со само три бода над зоната за испаѓање.

 

Им се смешка и седми пораз по ред зошто викендов гостуваат кај Борусија во Дортмунд.

НАВИВАЧИТЕ БЕСНИ НА УЕФА ПОРАДИ ТОА ШТО МОРАА ДА ИГРААТ НА СТАДИОН НА НАЈГОЛЕМИОТ РИВАЛ

 

 

Унион Берлин натпреварите од Бундеслига и германскиот Куп ги игра на својот „Ан дер Алтен Фестерај“, стадион кој собира 22.000 гледачи. Но УЕФА според правилникот не им дозволила натпреварите од Лига на шампиони да ги организираат во својот дом, па се принудени да играат на „Олимпискиот стадион“ во Берлин кој собира 74.000 гледачи.

Но ова е дом на Херта Берлин, градскиот ривал на Унион.

Навивачите од таа причина синоќа на мечот со Брага во 2. коло од групи во Лига шампиони извадиле пароли против УЕФА. Ги наброиле регулативите на УЕФА за стадиони и напишале: „ВАМ НЕ ВИ Е ГАЈЛЕ ЗА СПОРТОТ, ВАМ ВИ Е ГАЈЛЕ САМО ЗА ПАРИ!“

Навивачите ја критикувале и управата што не успеала да се избори да играат на својот стадион.

Но уште во јули управата им соопштила на навивачите дека го домашните натпревари ќе се играат на „Олимпиаштадион“.

Унион исто и во сезоната 2021/2022 кога се пласираше во Лига Конференции исто ги пречека сите ривали на „Олимпискиот стадион“. Со Макаби имало 23.000 гледачи, со Феенорд 30.000 а со Славија Прага само четири илјади.

Во следната сезона 2022/2023 Унион играше еврокупови на својот стадион кој го средил за потребите на УЕФА, но не и за Лига на шампиони. На стадионот на Херта минатиот викенд имало 66.000 гледачи за мечот од втората Бундеслига против Сент Паули.

4 октомври 2023 - 10:19