Сета мизерија на Манчестер Јунајтед под Тен Хаг

Манчестер Јунајтед претрпе нов, втор пораз во Лига на шампиони и ја продолжи агонијата на која како да не и се гледа крај.

Манчестер Јунајтед бележи негативни резултати од коло во коло, а после поразот со дури 3 примени гола од турски Галатасарај на „Олд Трафорд“, мизеријата продолжи.

Сезонава Манчестер Јунајтед забележа неколку негативни рекорди:

- Галатасарај во 117 години клупска историја за првпат победи синоќа против Ман. Јунајтед под водство на Ерик Тен Хаг.

- Ман. Јунајтед никогаш не изгубил 2 воведни кола во групи во Лига на шампиони.

- Ман. Јунајтед никогаш не примил повеќе од 3 гола во првите две кола во Лига на шампиони пред Ерик Тен Хаг.

- Галатасарај не постигнал гол и не победил на гости во Лига на шампиони уште од 2015-та година, а сега даде 3 гола против Ман. Јунајтед.

- Тимот од „Олд Трафорд“ не изгубил 4 меча во воведните 7 кола во Премиерлигашка историја пред да дојде Тен Хаг.

- Јунајтед немал само 9 бода после 7 кола од почеток на Премиер лига уште од 1989-та.

- Манчестер Јунајтед не примил 4 гола во меч од Лига на шампиони цели 28 години, до сезонава.

- Јунајтед не примал 3+ гола на 3 меча по ред уште од 1978-ма па до доаѓањето на Тен Хаг.

- Манчестер Јунајтед не изгубил два гостински дуели по ред уште од 1973-1974 се до доаѓањето на Тен Хаг.

- Повеќекратниот европски и англиски шампион никогаш не примил 2 гола во првите 4 минути од меч во Премиер лига на „Олд Трафорд“ се до Тен Хаг.

- Јунајтед никогаш не претрпел 23 шута кон својот гол во историјата кога играл на „Олд Трафорд“, а сега под Тен Хаг го доживеа и тоа.

- Брајтон никогаш не победил два пати по ред на „Олд Трафорд“.

- Манчестер Јунајтед никогаш не изгубил 6 меча од првите 10 во сите натпреварувања уште од 1986-та, се до доаѓањето на Тен Хаг.

- Јунајтед не примил 18 гола во првите 10 меча уште од 1967-ма па до доаѓањето на холандскиот стратег.

4 октомври 2023 - 12:44