Во денови кога постои еуфорија за Лига на шампиони, а после овој викенд следуваат квалификациски натпревари за ЕП 2024, навивачите на Интер со паметот се на 29 октомври.
Тоа е датумот на кој Интер ја пречекува Рома, а тие го пречекуваат веројатно најомразениот нивен поранешен играч.
Без разлика што беше клучен фудбалер за освојувањето на Скудетото во сезоната 2020/2021, со фантастична бројка од 24 лигашки голови, навивачите на Интер му се бесни на Лукаку.
Причините се добро познати од летоска. Додека Интер преговараше со Челси за да го откупи целосно, тој бил во преговори со Јувентус.
Интеристите збеснаа кога се откри дека тој тајно се договара со нивните најомразени ривали и за неговото враќање веќе имаат упатство до сите кои ќе бидат присутни на стадион.
„Денот на најнепосакуваниот кам бек наближува, да бидеме подготвени.
29 октомври е дата за одбележување со црвена боја за да ја покажеме целата одвратност која ја чувствуваме за тој што ни го сврте грбот на најнедостоен начин.
Една личност која се покажа како мал човек, затоа што пред да бидете шампион, треба да бидете човек и да знаете да го почитувате ветениот збор. Ние те браневме до крај, а ти ни врати вртејќи ни го грбот.
Пред мечот со Рома, ќе се поделат 50.000 свирчиња кои ќе се користат до одземање здив за време на секој допир со топката за тој што не изневери.
Да им покажеме на сите, како заслужува да биде третиран тој што e недостоен да го носи нашиот дрес“.