Делии пред 2. коло од ЛШ против Јанг Бојс кое заврши 2:2 решија да му оддадат почит на славниот сликар Винсент Ван Гог.
Направија кореографија со која сакаа да претстават негова позната слика од 1899-та година наречена Ѕвездена ноќ.
Околу 50.000 навивачи на Маракана составија мозаик од 50.000 најлони со порака „Ова е ноќ на смелите, ова е ноќ на храбрите“.
„Инспирирани од традицијата на ѕвездашите и желбата уште еднаш да направиме чекор напред во поддршката на Црвена Ѕвезда преку кореографија и спектакл на Маракана, решивме да ја претставиме ѕвездената ноќ преку уметност“, стои во соопштението на навивачите.