Оштетен ли е Порто драстично за пенал со Барселона?

Барса го преживеа жестокиот „Драгао“ каде 90 минути владее огромен притисок од преку 50.000 домашни навивачи. 

Единствениот гол на мечот го даде Феран Торес во судиско продолжение на првиот дел. Торес претходно влезе наместо Роберт Левандовски кој поради повреда мораше надвор од теренот.

Порто во целиот втор дел беше подобар тим, создаде повеќе шанси а постигна и прекрасен гол со ножички преку Мехди Тареми кој оправдано беше поништен поради офсајд.

Во еден момент имаше и спорна ситуација кога Жоао Кансело играше со рака во својот шеснаесетник но главниот судија не досуди ништо.

Претходно имаше и уште еден контроверзен момент за пенал за Порто:

5 октомври 2023 - 09:33