„Што ќе ми е дрес од Мбапе, на Јутјуб има дека сум играл против него“

Дан Брн е комичар бр. 1 во англискиот фудбал. Како што на времето беше Питер Крауч кој владееше со царски типичен британски хумор, така сега тоа е високиот бек и стопер на Њукасл. Со 201 см висина и снажна конституција, Брн е карпа во последната линија на премиерлигашот. Дебитираше и во Лига на шампиони а му даде и гол на силниот ПСЖ во триумфот до 4:1.

Брн е ендемски вид на типичните англиски стопери што одамна се права реткост.

Тој од дете навивал за Њукасл затоа што е роден во областа од каде доаѓа овој клуб. Интересно, Дан Брн е задолжен за хумор во соблекувалната каде често ја забавувал екипата со еден многу смешен танц.

Брн после историската победа од 4:1 со ПСЖ, го заигра танцот со Карагер и Мика Ричардс на теренот.

На прашањето дали го сакал дресот на Мбапе после мечот, тој рекол:

„Јако е тоа со дресовите. Па можеш да отидеш на Јутјуб и да докажеш дека си играл со нив. Имам добра колекција дресови дома, имам од Питер Крауч (201 см), Пер Мертезакер (1.98) и Вејн Ратлиџ. Само тие три ги имам. Среќен сум што ги имам врамено на ѕид“.

Уште една јака во низата изјави на нашиот нов миленик:

 

6 октомври 2023 - 10:01