Бешикташ водеше 2-0 до 81’ минута и на крај изгуби 2:3 од Лугано

Синоќа во Лига Европа и Лига Конференции се одиграа еден куп натпревари. Имаше сè и сешто а најлудиот пресврт се случи во Истанбул. Големиот фаворит Бешикташ водеше 2-0 против аутсајдерот Лугано до 81’ минута и се беше спремно на стадионот за прослава на нови три бода. Ама тогаш настапуваат гостите и со голови на Алиседа во 81-ва, Влади во 86-та и автогол на некогашниот стопер на Ман. Јунајтед Ерик Баји прават тотален пресврт за кој им аплаудираат и домашните навивачи.

За тоа колку неверојатно звучи овој пресврт говори и фактот што во еден момент при водство на Бешикташ 2-0, коефицентот за триумф на Лугано бил 501.00 во некои обложувалници во живо.

На крајот после дуелот, домашните навивачи со аплауз достојно ги наградија гостите:

6 октомври 2023 - 09:43